Општина Карпош продолжува со реконструкција на фасадите. Вршиме реконструкција на фасадите на зградите бр. 50, 52, 28 и 30, спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“. Инвестицијата чини околу 8 милиони денари, а средствата се издвоени од буџетот на општина Карпош.Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски информира дека пред зградите ќе биде реконструирана сервисната улица, заедно со тротоарите и ќе бидат решени проблемите кои ги имаат граѓаните со фекалната канализација.
Тој ги повика граѓаните кои живеат во зградите бр. 28, 30, 50 и 52 заедно да ги реконструираат покривите со што, како што рече, овие згради ќе ги обезбедиме во наредните триесет години.
Јакимовски рече дека целата реконструкција ќе биде завршена за четириесетина дена. Најави дека оваа година општина Карпош ги реконструира фасадите на зградите од левата страна на булеварот „Теодосиј Гологанов“, додека наредната година ќе бидат реконструирани фасадите на зградите од другата страна на булеварот.Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски информира дека пред зградите ќе биде реконструирана сервисната улица, заедно со тротоарите и ќе