петок, 27 ноември 2026
Најново

Општина Кисела Вода додели 55 нови ваучери за новороденчиња

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ваучери за новите 55 жители од овој дел на градот им додели општина Кисела Вода денес на нивните семејства. Со тоа бројот на доделени ваучери во вредност од 6000 денари, се искачи на 1446. Проектот е дел од програмата од социјална сфера на општината и ќе се спроведува до истекот на мандатот на градоначалникот Беличанец-Алексиќ. Истиот има за цел да им помогне на новите родители од овој дел на градот за оние први потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето и ги опфаќа семејствата каде двата родитела се со живеалиште на територија на општина Кисела Вода, или едниот, во случај на самохран родител.
Заедно со барањето тие треба да достават на увид  важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.Со тоа бројот на доделени ваучери во вредност од 6000 денари, се искачи на 1446. Проектот е дел од програмата од социјална сфера на општината и ќе

Поврзани вести