сабота, 28 ноември 2026
Најново

Општина Кисела Вода го санира резервоарот во Порупи за подобрување на водоснабдувањето во селото Драчево

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Општина Кисела Вода го санира резервоарот во Порупи за подобрување на водоснабдувањето во селото ДрачевоПо изградбата на водоводна мрежа во месноста Три круши, во должина од околу 1700 метри, за да се овозможи непречено  водоснабдување, сега течат активностите за санација на некогаш изградениот резервоар во месноста Порупи,кој досега не бил ставен во функција.По налог на општина Кисела Вода пред еден месец беше изграден нов испуст до каналот и во моментов се врши реконструкција на фасовските елементи во внатрешноста на резервоарот и мократа комора.По завршувањето на градежните активности,испуштањето на водата од резервоарот ќе оди преку цевковод изграден за таа намена. Санацијата треба да заврши за еден месец, од што корист ќе имаат жителите на месноста Три Круши и Порупи, село Драчево.Сите корекции се во координација со ЈП “Водовод и канализација” на кое ќе му биде извршено примопредавање по финализацијата на градежните активности.По изградбата на водоводна мрежа во месноста Три круши, во должина од околу 1700 метри, за да се овозможи непречено  водоснабдување, сега теча

Поврзани вести