Општина Кисела Вода на оглас бара 8 негуватели за деца до 5 години

8 негуватели за деца на возраст до 5 години ќе бидат привремено вработени во градинките во општина Кисела Вода. Работниот ангажман ќе се реализира врз основа на Договорот за соработка помеѓу општина Кисела Вода, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ).Програмата Општинско-корисна работа преку проектот  “Подобрување на човечките капацитети на градинките во општина Кисела Вода за потребите за згрижување на деца” на 8 евидентирани невработени лица со завршено ССС – IV степен со лиценца за негувател,  ќе им овозможи работен ангажман од 6 (шест) месеци со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно.За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата “Општинско-корисна работа” се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.Заинтeресираните невработени лица, пријави за учество во програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Општина Кисела Вода до 19.08.2016 година. Детални информации можат да се добијат во општина Кисела Вода во барака 8, канцеларија бр. 12, кај лицето Елизабета Јаневска, општински координатор за програмата „Општинско-корисна работа“, како и на интернет страницата на општина Кисела Вода www.kiselavoda.gov.mk.Овој проект, веќе втора година општина Кисела Вода го спроведува преку Секторот за локален економски развој. Минатата година, во рамки на истата Програма, произлезена од Договорот за соработка помеѓу УНДП и Општина Кисела Вода и Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ) беа ангажирани девет невработени лица, дефектолози, логопеди и негуватели кои добија 6 месечен работен ангажман во  јавните детски градинки и основните училишта на територија на општина Кисела Вода.Програмата Општинско-корисна работа преку проектот  “Подобрување на човечките капацитети на градинките во општина Кисела Вода за потреби

Пронајдете не на следниве мрежи: