Општина Кочани се вклучи во проектот „Купи куќа за млади“

Општина Кочани се вклучи во проектот на Владата „Купи куќа за млади“ обезбедувајќи локации за градба.Како што информира градоначалникот Ратко Димитровски тие постојано имаат средби со Владата за разработка на овој проект и за економските зони.
– Се разработува една локација во западниот дел на градот во месноста Бејрут над каналот, со површина од над 5 хектари, каде што за проектот „Купи куќа за млади“ ќе имаме 120 новопланирани парцели, рече Димитровски.
Во делот на индустриските зони, тој соопшти дека очекува набрзо да се разрешат имотно-правните проблеми во врска со складовите за слама во поранешната Фабрика за целулоза и хартија.
– Со донесувањето на постојниот ГУП ние ги проширивме површините за индустриска зона и над каналот во западниот дел на градот и очекуваме дека со натамошна разработка ќе добиеме околу стотина хектари кои ќе бидат наменети за индустријата, односно за една нова индустриска зона, рече градоначалникот на Кочани.
Владата, додаде тој, ќе помогне во урбанизирањето на површните за проектот „Купи куќа за млади“, а очекува тоа да го стори и за инфраструктурата во делот на индустриската зона во западниот дел на градот.Како што информира градоначалникот Ратко Димитровски тие постојано имаат средби со Владата за разработка на овој проект и за економските зони.

Пронајдете не на следниве мрежи: