Општина Струмица не презема ништо во врска со дивите депонии кај Вељуса

Дивите депонии околу Вељуса се појавуваат секојдневно, купишта со смет може да се сретнат насекаде и во селото, а надлежните не преземаат ништо. За ваквата состојба денеска реагираа група граѓни од селото Вељуса кои велат дека и покрај нивните апели и барања до општина Струмица досега не било преземено ништо.Велат нивното населено место било едно од ретките во општината во кое не се собира сметот, услуга за која целото село е подготвено да го плаќа соодветниот надоместок.
-Отпадот, ѓубрето воопшто не се собира. Ѓубрето го фрла кој каде знае  умее. Од градоначалникот сакаме да ни постави таква служба, ако треба ќе се плаќа само да може да го фрламе отпадот од дома, од домакинствата. Сакаме да се собира ѓубрето и да се носи како сите општини што имаат. Ние важиме за една од најбогатите општини во Македонија, така се фалат, а ние од трите села Водоча, Баница и Вељуса немаме кај да го фрламе отпадот, вели Митко Стојменов.
Граѓаните кои денеска реагираа велат дека и покрај тоа што важат за место со еден од најубавите и најпознати манастири во Македонија туриститие кои секојдневно доаѓаат прво ги гледаат депониите и сметот, а потоа убавините на манастирот.
-Секој ден тука има туристи од цела Македонија. Може да кажам дека сме најпосетено место, а не се превземени никакви мерки тука, тоа е срамно дело, вели  Ристо Стојменов
Освен организирано собирање на сметот граѓаните на Вељуса бараат изградба на канализација и реконструкција на опожарената зграда на домот на културата.Велат нивното населено место било едно од ретките во општината во кое не се собира сметот, услуга за која целото село е подготвено да го плаќа соод

Пронајдете не на следниве мрежи: