Оружје кај домот на Вучиќ! Дали му бил планиран атентат!

Екипа на ТВ Нова во Белград, одблиску го следи развојот на настаните поврзани со оружјето до домот на српскиот премиер.Загрижува тоа што оружјето е пронајдено токму на ова свртување, каде возилото на премиерот мора да застане кога свртува кон семејната куќа. Би било идеално за извршителот да го направи тоа дело и да исчезне во шумата, рекол српскиот министер за внатрешни работи.
На безбедна локација заедно со неговото семејство е префрлен српскиот премиер Александар Вучиќ откако во непосредна близина на неговиот семеен дом е пронајдена поголема количина оружје. Српската полиција го пребарува теренот и е во потрага по информации кои ќе доведат до лицата кои го поставиле оружјето на таа локација.
На самото место пристигнал и српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, а присутни се и голем број полициски екипи и специјални тимови.
– На триесет метри од куќата е најдена една „зоља“ и автоматско оружје. Загрижува тоа што е пронајдено токму на ова свртување, каде возилото на премиерот мора да застане кога свртува кон семејната куќа. Би било идеално за извршителот да го направи тоа дело и да исчезне во шуматакоја се наоѓа веднаш во близина – рекол Стефановиќ, пренесува порталот „Телеграф.рс“.
Министерот објаснил дека оружјето било поставено во позиција да биде лесно дофатливо за употреба.
– Оружјето е пронајдено сокриено во шумата во сандаци, за да не дојде до негово оштетување и да биде подготвено веднаш за употреба. Сандаците со оружјето биле покриени, но не закопани. Тешко можеле да се забележат ако не се дојде многу близу до нив. Вечерва ќе барам од безбедносните служби да излезат со информации. Ако не можат да ни дадат информации, тогаш треба сите да се повлечат – рекол категорично мионистерот за внатрешни работи.
Министерот не кажал дали веќе имаат осомничени лица, но додал дека целата ситуација е исклучително загрижувачка.
Информацијата во јавноста ја објави српски „Информер“ од каде соопштија дека освен рачниот минофрлач на местото биле пронајдени и рачни бомби, како и муниција за автоматско оружје.Загрижува тоа што оружјето е пронајдено токму на ова свртување, каде возилото на премиерот мора да застане кога свртува кон семејната куќа. Би било

Пронајдете не на следниве мрежи: