Никој не ги послуша драматичните предупредувања на Џорџ Орвел поради кои страдаме денес

Во делата „1984“ и „Животинска фарма“, англискиот писател Џорџ Орвел (вистинско име Ерик Артур Блер) се занимавал со тоталитаризам, авторитаризам, корпоративизам, односно со злото на сите моќни „изуми“ кои ја уништуваат човечката и личната слобода.

Во документарниот филм на Би-Би-Си „Џорџ Орвел: Живот во слики“ од 2003. година, има сцена во која Орвел, низ устата на актерот кој го толкува неговиот лик, ги изговара зборовите кои се предупредување за човештвото и го заокружува сето она што големиот писател им го предочувал на читателите ширум светот во своите славни дела.

Предупредувањето почнува со осврт на писателот на неговото најпознато дело од 1949. година, кое во свеста на многумина остана запаметено по паролите: „Големиот брат ве набљудува“, „Војната е мир“, „Слободата е ропство“ и „Незнаењето е моќ“!

„Книгата „1984“ е пародија на нешто како тоа би можело да случи. Тој е правецот во кој светот денес чекори. Во нашиот свет веќе ќе нема емоции освен страв, бес, триумф и самопонижување. Сексуалните нагони ќе бидат искоренети. Ние ќе го укинеме оргазмот. Нема веќе да има лојалност, освен лојалност кон партијата“ – говореше Орвел.

Како што кажа, секогаш ќе постои опиеност од моќта.

„Секогаш, во секој момент, ќе постои возбудата поради победа и поради газењето на беспомошниот непријател. Ако сакате да видите слика од иднината, замислете чизма која гази лице на човек. Засекогаш! Поуката која може да се извлече од оваа ноќна море е едноставна: Не дозволувајте тоа да се случи! Од вас зависи!“ – наведе славниот писател.

Џорџ Орвел почина далечната 1950. година.

Пронајдете не на следниве мрежи: