Пo распитот пред истражен судија во Основниот Суд Скопје I Скопје, а по барање на специјалното јавно обвинителство со обвинение повреда на избирачкото право и на слободата на определувањето на избирачите во 2012 година, Едмонд Темелко е пуштен на слобода. Истражниот судија не му изрече мерка притвор.Утрината во петокот, околу 5.00 часот наутро во својот дом беше уапсен Едмонд Темелко, откако претходно лицата кои требале да го спроведат насилно влегле во домот, заканувајќи и се на сопругата на Темелко „ако не кажеш и ти ќе одиш во затвор“ уште пред да ѝ дадат шанса да одговори.
Биле тројца, влетале во станот и без никаков налог почнале да го пребаруваат станот, иако знаеле дека Едмонд Темелко е дома.
Тој се разбудил поради вревата и бил шокиран од присуството на тројцата полицајци кои почнале да врескаат, а едниот од нив откако му ги ставил лисиците му велел „сега ќе видиш ти што ќе ти се случи“, по што бил префрлен во полициската станица во Ресен каде што чекал до 12.00 часот.
Потоа го префрлиле во Скопскиот суд, околу 16.00 часот пристигнал во судот, давал изјава која траела околу еден час, а бил задржан до 1.30 часот по полноќ, кога и беше пуштен без изречена мерка притвор.
Во меѓувреме соросоидно-сдсмовската багра задоволно ликуваше среќни дека еден голем Македонец и патриот е затворен поради хировите на неколку луѓе во Македонија. И тоа не беше најтрагично, она што навистина го постигнаа е да ни ликуваат бугарите, бугарските фашисти од ВМРО-БНД кои беа пресреќни што бил затворен „предавникот“, затоа што БНД не признава ниту Македонија, ниту Македонци ниту Македонски јазик.
Оние што го знаат Едмонд Темелко, знаат и дека тоа е мирен човек, патриот и борец кој целиот свој живот го посвети на промоција на правата на Македонците во Албанија. Зошто на тој начин се однесувале оние кои го притварале останува нејасно и останува на тоа прашање да одговори Катица, која вчера без докази, а по нарачка на Заев и „чадорот“ се обидоа да направат хаос во Македонија.Утрината во петокот, околу 5.00 часот наутро во својот дом беше уапсен Едмонд Темелко, откако претходно лицата кои требале да го спроведат насилно