Основните училишта подготвени се за почетокот на новата учебна година

Во текот на летниот период основните училишта и општина Гази Баба превземаа активности за реконструкција и санација на објектите, со цел подобрување на условите за работа и учење на учениците.

Во ООУ Кирил и Методиј во Стајковци на целото училиште се постави термоизолациона фасада

Во ПООУ Кирил и Методиј во Страчинци, учениците и наставниците  ќе ја започнат новата учебна година во целосно реновиран објект.

Во ООУ Крсте Мисирков во Ченто, се изврши комплетно варосување на целото училиште, се направи реконструкција на училишната спортска сала и се асфалтираше патеката во должина од 60м, која води кон паркингот

Во ОУ Дане Крапчев во Ченто, се започна со поставување на термоизолација на дел од училиштето и се прави реконструкција на дел од оградата околу училиштетп  

Во ООУ 25 Мај во н.м. Сингелиќ, реновирани се подрумските простории, а  во подрачното училиште  поставено е парно греење на пелети и се уреди дворот

Во ООУ Н.Н. Борче во Ченто, се менуваа подови во неколку училници и се менуваа прозорци на првиот кат во неколку училници и дел од приземјето

Во  ПООУ Наум Охридски во н.м Црешево се постави термоизолацона фасада, се поставија  симсови на стариот дел од училиштето, се обложи цоклето со декоративен камен и комплетно се уреди дворот

Во ПООУ Наум Охридски во н.м. Раштак, исфарбана е дел од фасадата, направено е фарбање на пристапната рампа и извршено е  комплетно уредување на дворот

Во ООУ Наум Охридски во н.м Булачани, во дворот се направи летна училница, место кое ќе се користи за потребите на наставата како и место за одмор и релаксација на учениците во училиштето , комплетно се уреди дворот, се обнови детското игралиште, а во тек е обновата на оградата околу игралиштето

Во ООУ Григор Прличев во Железара, се искречи аулата на училиштето и се направија комплетно нови паноа

Во ООУ Стив Наумов во Автокоманда, се работеше на третата фаза на замена на термоизолационен покрив, со што сега е заменет покривот на целото училиште и се замени дел од училишниот и канцеларуски мебел

Во ООУ Вера Јоциќ во Хиподром, се санираа тоалетите каде што имаше влага, се направи замена на дел од плафонот во ходникот, се поставија нови олуци на главниот влез во училиштето, се искречи дел од надворешните зидови. Во дворот на училиштето во тек е изградба на ново основно училиште.

Во ООУ Крум Тошев во Трубарево, молеисување на просториите во училиштето,  поставвање на гипс картон во неколку училници,  комплетно се реновираа снитарните јазли, замена на оштетени олуци и бетонирање на паркинг простор

Во ООУ Његош во Колонија, се направи кречење на сите простории и ходници на училиштето.

Во сите основни уилишта се набавија нагледни средства, потребни во процесот на наставата.

Во ООУ Кирил и Методиј во Стајковци на целото училиште се постави термоизолациона фасада

Пронајдете не на следниве мрежи: