Осовременување на системот за складирање, селектирање и подигање на комуналниот отпад

Осовременување на системот за складирање, селектирање и подигање на комуналниот отпад и поголема комунална хигиена овозможуваат подземните контејнери што преку проект на Југозападниот плански регион беа поставени во Струга и Дебар, а наскоро ќе има и во Охрид и Кичево.Директорката на Југозападниот плански регион Мирјана Лозаноска информира дека во првата фаза од проектот поставени се по една хидраулична платформа со три контејнери за селектирање на отпадот во Струга и Дебар со капацитете 1,1 метри кубни. Во втората фаза, чија реализација треба да почне наскоро подземни контејнери ќе бидат поставени и во Кичево со истата големина и во Охрид, со тоа што капацитетот во Охрид ќе биде трипати поголем, односно ќе има три контејнери со 3,3 метри кубни.
– Контејнерите се поставуваат во централното градско подрачје, онаму каде што е најфрекфентно и каде што се генерира најмногу отпад со цел да се намали бројот на празнења дневно, особено во Охрид и Струга во текот на туристичката сезона. Според нашите истражувања, во текот на туристичката сезона контејнерите се празнеле по седум пати дневно. Со подземните контејнери тоа ќе се намали на еднаш до два пати дневно во зависност од периодот, изјави Лозаноска.
Со тоа, појасни, ќе се намалат трошоците на јавните комунални претпријатија и ќе се подобри сликата за хигиената во градовите, ќе се елиминираат непријатните миризби во текот на летниот период и ќе се заштити животната средина.
–  Со подзмениот начин на одлагање отпад нема да гледаме расфрлано ѓубре, да чуствуваме непријатна миризба, а ќе се намали и трошокот на јавните комунални претпријатија, рече Лозаноска.
Југозападниот плански регион наскоро треба да потпише договор за енергетски ефикасни објекти во општините и поставување јавни тоалети, проекти за кои е одлучено на планирачките работилници што ги организираат со претставници на сите засегнати страни, општините, бизнис секторот, универзитетите.Директорката на Југозападниот плански регион Мирјана Лозаноска информира дека во првата фаза од проектот поставени се по една хидраулична платформа

Пронајдете не на следниве мрежи: