Останав самa по десет години брак. Се плашам, но конечно забележувам сонце

Прочитајте ја приказната на една жена која штотуку ставила крај на бракот и останала сама.Ноќеска ја сонував својата мајка која почина неодамна. Седам на стол и ја гледам како ги закачува завесите во нашата дневна соба, вели дека очекуваме гости.
Сега сум сама во нивната куќа. Така е пусто  и скоро акопалиптично тивко.
Поминувам со погледот преку дневната соба. Толку многу предмети, толку спомени. Се чини дека секој детал во тој, наизглед огромен простор, крие некаква приказна. Секоја со себе остава некакви последици, кои можеби и никогаш не ги чувствуваме.

Се среќавам со момчето кому мајка ми му ја издаваше собата
-Веројатно сега сакате да го напуштам вашиот дом? Штета, овде ми беше многу пријатно, а канцеларијата во која работам ми е многу близу. Веднаш зад аголот.
– Не, немораш да си одиш. Во секој случај добро би ми дошла помош при селидбата, бидејќи наскоро и јас ќе се вселам тука.
Застанувам и тонам во своите мисли, кои, како по навика стануваат се помрачни.
Штотуку останав без дом. Без единственото место на светот кое го чувствував како свое. Се чувствувам како губитник. Десет години брак скинати како лист стара хартија. Се трудам да не се задржувам предолго на таа емоција. Ме депримира.
Последните година дена се соочив со своите стравови, но не можам да кажам дека ја добив битката. Финансиските проблеми се редеа еден зад друг, а во таа борба јас бев потполно сама.

По понижувањата, секојдневната тортура, контрола врз секој мој чекор, зборови, па дури и мисли, се чувствував скршено. Но одлучив да издржам во својата одлука и со надеж дека ќе бидам среќна.
Научив да живеам со анксиозност. Ја прифатив како логична последица од војната од која штотуку излегов. Како победник? Да, мислам дека сум победник. И самата можност за среќа е подобра од постојаната несреќа која со години ја трпев во бракот.

Одам понатаму. Чекор по чекор. Се надевам на лесна ноќ и сончево утро. А што доколку биде мрачно? Нема. Сончевите зраци овој пат ќе поминат и низ најтмурните облаци, а јас ќе бидам тука за да ги поздравам.
Дожд? Само напред.
Дождот ќе ги испере сите наши гревови и оние грди сеќавања кои не враќаат во време кога сме ја прифатиле тагата во која сме се гушеле.Ноќеска ја сонував својата мајка која почина неодамна. Седам на стол и ја гледам како ги закачува завесите во нашата дневна соба, вели дека очекува

Пронајдете не на следниве мрежи: