Веќе пристигна летото, а вие повторно сакате нов костим.
Не брзајте! Пред да посегнете да го купите најскапиот во вашата омилена продавница, пробајте да добиете интересен изглед со она што веќе го имате на раполагање.
Не двоумете се и експериментирајте! Има многу идеи кои може да ви послужат за подновување и освежување.
Ние ќе ви предложиме неколку:
1. Ако стариот цветен костим ви станува здодевен и едноличен, пробајте да додадете неколку светкави детали. Некои од цветовите опкружете ги со светкави монистри или пак во центарот на цветот наредете неколку. Ќе добиете сосема поинаков костум за капење од оној кој веќе ви здодеал.
2. Доколку костумот за капење е еднобоен, додадете му трака со животински или цветен принт. Доколку е едноделен, ставете ја некаде под половината. Дводелниот можете да го украсите со трака на било кое место. Без разлика дали траката ќе ја зашиете за долниот дел или пак на рабовите на горниот дел од костимот, вашата цел ќе биде постигната – ќе добиете сосема нов и поинаков костим!
3. Едноделниот обичен костим сигурно одамна не сте го облекле. За да не ви делува толку здодевно, исечете го делот над струкот од двете страни, во форма на буквата С. Рабовите едноставно може да ги сошиете или да ги украсите по сопствена желба. Ова е скромен начин на покажете малку кожа, и да изгледате уште посекси. Нема да зажалите!
4. Можете да прикачите цвет во боја на било кое место од вашиот костим за да постигнете разигран и несекојдневен изглед. Со едноставен детал, на вашиот стар костим дадете му свеж изглед.
Нема време за чекање. Фатете се за работа!Веќе пристигна летото, а вие повторно сакате нов костим.
Не брза