Отец Бобан: Воопшто не е важно чие јајце ќе биде најсилно, повеќе е важно да се скрши

Воопшто не е важно чие јајце ќе биде најсилно, повеќе е важно да се скрши – тоа го симболизира воскресението Христово!Празнување во согласност со православното учење
Начинот на празнување треба секогаш да биде во согласност со преданието на црквата, да произлегува од учењето, всушност да го изразува, да биде во контекст на тоа што го одбележуваме, т.е. празнуваме. Тоа, според отецот Бобан Митевски, свештеник во скопската епархија, е главната поента на одбележувањето на верските празници. Иако свештенството на Македонската православна црква-ОА секојдневно се обидува да им укаже на дилемите на верниците за практикувањето на обичаите за време на празниците, сепак се случува да се повторуваат истите ритуали за време на литургиите, кои, според свештенството, не се во согласност со православното учење, пишува „Скопје инфо“.
Отецот Бобан нагласува дека на Велигден не се посетуваат верските храмови, само поради кружењето околу црквите, туку поради присуството на литургијата, која следува по кружењето.
Свеќите што верниците ги држат во рацете ја симболизираат светлината на воскресението, не треба сами да ги палат, туку од свеќите со кои свештеникот излегува од олтарот, раскажува отецот.
– Ако не можеме сите да досегнеме до тие свеќи, тогаш ги палиме свеќите од оние што веќе ги запалиле. Значи сѐ треба да биде темно, сѐ е изгаснато, дури и кандилата во храмот. И одеднаш сѐ се пали, блеснува воскресенската радост -нагласува отецот Бобан.
Поклонување на гробот
На Величетврток и на Велипеток одиме во храмот за да присуствуваме на богослуженијата, кои живо нѐ внесуваат во евангелските настани со страдањата Христови – осудувањето, тепањето, затворот, распнувањето и смртта. Така, се поклонуваме пред крстот и го целиваме распнатиот Христос, ја целиваме плаштаницата, на која е изобразен починатиот Спасител, а која се наоѓа на епитафот (гробот).
Традицијата за протнување под гробот нема никаков контекст, односно не е поврзана со настаните што се одбележуваат, а најмалку тоа треба да го правиме од причина дека ќе ни донесе среќа, успех итн. Уште повеќе, во црковните песни пееме дека гробот се запечатува, се затвора. Од друга страна, и самиот акт е недостоинствен, односно недоличен. Значи верниците треба да пристапат кон епитафот, односно плаштаницата, со која е покриен гробот, да го целиваме (бакнуваме) положениот Христос, да оставаме (ако сакаме) некаков дар и да застанеме отстрана.
Воопшто не е важно чие јајце ќе биде најсилно, повеќе е важно да се скрши – зашто на тој начин го симболизираме воскресението Христово
Задолжително присуство на литургија
За Велигден треба да се вапсаат само црвени јајца, истакна отецот Бобан.
Црвената боја, како што објаснува тој, ја симболизира крвта Христова, а јајцето го симболизира гробот во кој Христос беше погребан.
– Кршењето на јајцето го симболизира воскресението Христово. Како што од јајцето излегува плодот, кој носи живот, така и од гробот излегува оној што е самиот живот. Кога се удираме со јајцето велиме „Христос воскресна“, а отпоздравуваме со „Навистина воскресна“. Воопшто не е важно чие јајце ќе биде најсилно, повеќе е важно да се скрши – зашто на тој начин го симболизираме воскресението Христово – додава отецот Бобан.
Тој истакна дека јајцата не се јадат по кружењето околу црквата, туку по литургијата.
– Ако јадеме пред завршувањето на литургијата, значи дека сме го прекршиле постот – посочува отец Бобан.
Според него, верниците што се подготвени за причест со пост, примерен живот со добри дела, исповед и благослов од духовниот отец треба да се причестат ноќта по полноќ, на литургијата или, пак, утредента, на самиот ден Велигден, во оние храмови каде што се служат утрински литургии.
– Не е благословено и добро доколку отидеме во црква само да се причестиме, без да отстоиме на целата литургија – додава отецот.Празнување во согласност со православното учење
Начинот на празнување треба секогаш да биде во согласност со преданието на

Пронајдете не на следниве мрежи: