Едно утро во март 2005 година, Вилијам, британски војник кој во тоа време бил сместен во Германија, се разбудил и се упатил кај стоматолог на чистење коренски канал. Поминале повеќе од 10 години, но секое утро од тогаш Вилијам се буди и мисли дека…Ианку, при стоматолошка процедура се случило нешто што од тој ден спречува да креира било какво долгорочно сеќавање, а кога и да создаде нови сеќавања, тие траат околу 90 минути, пишува во извештаите кои неговата здравствена екипа неодамна ги објавила во списанието „Neurocare“.
Вилијам бил припадник на британските вооружени сили кој на 22 години се оженил за Саманта. Имаат две деца, кои денес имаат 21 и 18 години. Еден понеделник, во март 2005 година, се разбудил, отишол во теретана, наминал во канцеларија за да испрати некои мејлови и заминал кај стоматолог.
„Се сеќавам дека седнав на стоматолошкиот стол и примив локална анестезија“, вели Вилијам. А тоа е воедно и последната работа на која се сеќава.
По процедурата, Вилијам бил блед, а очите му биле нефокусирани, напишал неговиот доктор.
Кога не му било воопшто добро ни пет часа подоцна, го одвеле во болница, каде останал три дена. Таму станало јасно дека некако ја изгубил можноста за формирање на долгорочни сеќавања. Негоиот мозок како да почнувал да работи од почеток на секои десет минути.
Додека бил во болница, сеќавањето малку му се подобрило, така што можел да се сеќава на случувањата во изминатите 90 минути, но и по десет години подоцна, останал на исто место.
„Се буди уверен дека е во војска, во Германија. Секој ден мисли дека има договорен преглед кај стоматолог“, вели неговата сопруга.
Како во филмот „Мементо“, сопругата во мобилниот телефон му внела водич за неговиот моментален живот и се нарекува „прво прочитај го ова“. Таму може да дознае што му се случило тој ден кај стоматологот, и дека децата денес му се возрасни млади луѓе.
Секој ден- иста приказна
Симптомите на Вилијам упатуваат дека доживеал таканаречена амнезија- неможност за создавање долгорочно поменење, додека случувањата кои му се случиле пред тој ден му останале врежани во сеќавањето. Причината за оваа состојба е потполна мистерија.
Снимките на мозокот не укажуваат на никакво оштетување на оној дел од мозокот кој обично се поврзува со овој вид на губење на сеќавањето. Но до ваков вид амнезија може да дојде по психичка траума, па постои можност да се случило тоа, иако сопругата на Вилијам и докторите сметаат дека дека тоа не е претерано веројатно, бидејќи пред губитокот на меморијата не покажувал никакви знаци на емоционални проблеми.
Др. Џералд Х. Бургесес, клинички психолог од Универзитетот во Лејчестер и еден од коавторите на извештајот имаат своја теорија: „Откако ќе доживееме некој настан, сеќавањето полека се „зацементирува“ во долгорочното сеќавање со менување на постоечките мрежи. Тој процес на „консолидација“ вклулчува производство на нови белковини со кои повторно се градат синапси во нов облик. Без нив сеќавањето останува кревко и со текот на времето слабее. Доколку таа синтеза на белковини се блокира кај стаорците, многу брзо забораваат што научиле. Се покажало дека околу 90 минути би било доволна потребна количина време да почне да се одвива тоа зацврснување, а тогаш и Вилијам почнува да заборава детали од некое случување. Мозокот на Вилијам е како принтер кој останал без мастило“.
Бургас се надева дека по објавувањето на извештајот би можел да слушне за слични случаи од други психијатри и невролози, кои евентуално би можеле да му помогнат на ВилијамИанку, при стоматолошка процедура се случило нешто што од тој ден спречува да креира било какво долгорочно сеќавање, а кога и да создаде нови сеќав



