Откриен обид за криумчарење марихуана и амфетамин и запленети парфеми, тоалетни води, медицински реагенси и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија две измами, еден обид за криумчарење дрога и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани парфеми, тоалетни води, медицински реагенси и материјали, техничка стока, оптички леќи, делови за хидранти, автоделови, регистарски таблички, хербициди и фалсификати.Задржана е следната стока:
Марихуана и амфетамин
На граничниот премин Табановце автопат е спречен обид за криумчарење марихуана и амфетамин. При личен претрес на двајца чешки државјани кои со чешки автомобил се пријавиле за излез од државата,  во џеб од панталоните на возачот биле пронајдени 1 дробилка за марихуана,  метална табакера за цигари со 10 цветови од непозната растителна материја со зеленкаста боја, една зипер кесичка со непозната бела прашкаста материја и една зипер кесичка со 12 таблети, од кои 3 таблети со жолта боја и  лого „СМАJЛИ“, 3 таблети со зелена боја и лого „КРУНА“, 4 таблети со сива боја и облик на „ДИЈАМАНТ“ и 2 таблети со бела боја без ознака. Царинската управа, по добиена наредба од Основното јавно обвинителство Куманово, ги достави цветовите, прашкастата материја и таблетите, до Одделот за криминалистичко – технички испитувања и вештачења, каде по извршените анализи е констатирано дека растителната материја од табакерата претставува марихуана-опојна дрога која се добива со сушење, дробење или ситнење на врвни делови-вршунки и лисја од растението Cannabis, со вкупна нето маса од 4,50 грама, белата прашкаста материја, со нето маса од 8,15 грама, претставува кетамин-психоактивна супстанца, анестетик што се користи во ветеринарната и хуманата медицина, а кај  човекот покрај анестетично има и халуциногено и аналгетско дејство, додека кај десетте таблети со втиснато лого на Смаили и Круна и таблетите во форма на дијамант, активната компонента претставува 3,4 метилен-диоксиметамфетамин (МДМА)-психоактивна супстанца, стимуланс на централниот нервен систем кој е класифициран во Листа 1 на забранети опојни дроги и психотропни супстанции. Кај двете таблети со бела боја и округла форма не е констатирано присуство на наркотични и психотропни супстанци.
Царинската управа поднесе кривична пријава против возачот, а случајот е предаден на надлежен суд за понатамошна постапка.
Парфеми и тоалетни води
– 49 парфеми и 19 тоалетни води, откриени во два одвоени случаи на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на двајца патници кои допатувале со летови од Истанбул.
Во првиот случај, при контрола на куферот на турски државјанин, биле пронајдени 32 машки и женски парфеми Norben од 50 ml, а во вториот случај, при контрола на два куфери сопственост на индиски државјанин, биле пронајдени 17 парфеми и 19 тоалетни води од 100 ml.
Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани а против патниците се поведени прекршочни постапки.
Медицински реагенси
– 96 пластични епрувети со разни лабораториски реагенси (B.SUBTILIS, P.AERUGINOSA, E.COLI, A.BRASILIENS, C.ALBICANS и други) и 1 ролна  со медицинска пластифицирана фолија, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени  во пренослив фрижидер сместен во багажникот на возилото, се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.  
Техничка стока и делови за хидранти
– 5 употребувани технички производи (телевизор, монитор од компјутер, телефон, вуфер, засилувач за звук), 3 употребувани фотоапарати и 480 нови оптички леќи, откриени при контрола на стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Производите што не биле опфатени со царинските документи се привремено задржани, а против увозникот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.  
– 200 делови за хидранти (црева, вентили и млазници), откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените делови, пронајдени во багажникот и на задното седиште на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.
Автоделови и регистарски таблички
– 2 употребувани бандажи AMG со гуми, за автомобил Mercedes МL 270, и 7 автоделови (водна пумпа, сет ремени со затегачи и бош пумпа), откриени при контрола на италијански автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во багажниот простор покриени со кебе и неколку кутии со лични работи, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
– 1 комплет бугарски регистарски таблички и сообраќајна дозвола, откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Делчево. Возачот изјавил дека возилото на кое му припаѓале табличките е уништено во сообраќајна несреќа и е расходувано во отпад, но не поседувал документ со кој би била потврдена неговата изјава. На тој начин возилото било пуштено во слободен промет без претходно да биде ставено во пропишана царинска постапка и без да бидат платени увозни давачки. За сторениот царински прекршок против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка.
Хербициди
– 18 литри хербицид Глифол, откриени при контрола на српски автобус што сообраќал на релација Белград – Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените хербициди, пронајдени во просторот за рачен багаж во патничкиот дел од автобусот, се привремено задржани, а против сопственикот, македонски државјанин кој патувал со автобусот, е поведена прекршочна постапка.
Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
– 160 парчиња облека (комплети тренерки, долни тренерки, маици и блузи) со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, извршена на патниот правец Делчево-Македонска Каменица. Сомнителните производи, за кои возачот не поседувал никакви документи за потекло и платени царински давачки, се пронајдени во багажникот на возилото.
– 1 мобилен телефон, со ознаки на заштитена трговска марка, откриен во царинската испостава Пошта Скопје, при контрола на пратка од Сингапур, наменета за примач од Валандово.
Во двата случаи, поради сомневање дека стоката повредува права од интелектуална сопственост, истата е привремено задржана, и согласно законските прописи ќе биде започната постапка за докажување на нејзината оригиналност.
Измами
Во царинската испостава Гевгелија се откриени 2 обиди за избегнување плаќање на увозни давачки, едниот со погрешно декларирање на стока а другиот со фиктивно раздолжување на стока.
Во првиот случај, увозник од Скопје пријавил за увозно царинење адитив во прехранбена индустрија, со потекло од Кина, со трговски назив Ксантан гума (Xanthan gum 80 mesh food grade), декларирана во тарифна ознака со пропишани стапка за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 18%, но врз основа на Основните правила за примена на Царинската Тарифа и Записник за резултати од анализа или проверка на земена мостра од претходен увоз на идентична стока, било утврдено дека стоката треба да се распореди во сосема друга тарифна ознака, со пропишани стапка  за царински давачки од 5% и стапка за ДДВ од 18%. Врз основа на новоутврдената состојба пресметани се дополнителни увозни давачки во износ од околу 88 илјади денари, направен е записник за промена на тарифен број и поведена е мандатна постапка против увозникот.
Во вториот случај, извозник од Кавадарци пријавил 2.544 пара женски хеланки, во постапка на извоз на стока која претходно била увезена заради облагородување, но при контрола на стоката било утврдено дека недостигаат 186 парчиња хеланки. На тоја начин извозникот се обидел фиктивно да раздолжи стока со проценета вредност од околу 57 илјади денари и да избегне плаќање на увозни давачки во износ од околу 12 илјади денари. За сторениот прекршок е поднесено барање за поведување прекршочна постапка против увозникот.Задржана е следната стока:
Марихуана и амфетамин
На граничниот премин Табановце автопат е спречен обид за криум

Пронајдете не на следниве мрежи: