Инсајдер запознаен со плановите на Samsung тврди дека ги има точните спецификации за претстојниот модел на компанијата, моделот Galaxy S5. Според него, информацијата дека новиот врвен модел на корејската компанија ќе доаѓа во две верзии е точна.
Тоа значи дека S5 ќе биде достапен во метална и во пластична верзија, нешто слично како што направи Apple со iPhone 5S и 5C.
Судејќи според истиот извор, металната верзија на смартфонот ќе има метална задна страна и метални рамки на предниот дел, но се уште не е познато дали ќе има различно име.
Galaxy S5 треба да има AMOLED екран со резолуција од 2.560 x 1.440 пиксели, а веќе претходно се шпекулираше дека Samsung работи на такви екрани кои би имале дијагонала од 5 и повеќе инчи. Самата големина се уште не е позната, но според информациите, S5 ќе има екран од 5,25 инчи.
Повеќе на: gsm.mkСпоред него, информацијата дека новиот врвен модел на корејската компанија ќе доаѓа во две верзии е точна.
Тоа значи дека S5 ќе биде достап