Откриени значајни археолошки пронајдоци во Општина Кривогаштани

Едни од најстарите жители кои први започнале да се занимаваат со земјоделство во Европа,пред околу 8.000 години, живееле во општина Кривогаштани, во неолитската населбата која сега се вика „Врбјанска чука“. Ова го потврдија најновите археолошки истражувања кои се изведуваат деновиве. Според првичните претпоставки оваа населба се простирала на површина од околу 250 м2 и во неа живееле околу 400 жители. 
„Неолитот е период кога за прв пат се започнува со земјоделство во Европа, а Пелагонија е еден од регионите каде што земјоделството започнува на овие простори затоа и ние решивме да се сконцентрираме на овој простор со цел да дознаеме како тој процес зачпочнал, како започнал и клои се всушност луѓето кои што започнале тој процес. Бидејќи пред тоа немало земјоделство, луѓето биле ловци собирачи и ова е голем чекор напред во историјата на човештвото со цел да се унапреди начинот на преживување и да се развијат нови форми на живеење меѓу кои и религијата. Така што „Врбјанска чука“ како локалитет нуди неверојатни податоци за тој период“, рече Гоце Наумов, археолог, музеј на Македонија.
Откриени се и неколку нови куќи на кои се покажале нови начини на градење на архитектурата во тој период на неолитот. Се претпоставува дека овие се и првите фиксни населби на луѓето тука, а годинава се открија и повеќе други помали артефакти.
Со археолошките кампањи на почетокот на 80-тите години на минатиот век точно на ова место е откриен и еден од најстарите артефакти на Балканот, стѕар 8.000 години, а тоа е жртвеник кој што претставува една голема конструкција која сега се чува во Музејот во Прилеп.
Пред неколку дена завршија и археолошките истражувања на локалиетот „Локвенско кале“ исто во општина Кривогаштани, каде со првичните наоди се откри постоење на една поголема и значајна населба чиј карактер допрва треба да се утврдува, се претпоставува дека тоа било иили голем значаен воен центар и база или некој засега непознат антички град.
„Првично градбата, тврдината била изградена со намена за да служи како воена база, а дали потоа таа преминува во цивилна населба ќе утврдиме со наредни истражувања кои би се одвивале горе на населбинскиот дел. Локалитетот се состои од населбински дел и две некрополи. Ние истражувавме во една од некрополите, која ја нарековме југоисточна некропола. Со истражување на таа некропола се утврди дека локалитетот егзистирал од 4 век п.н.е. до трети век од н.е.“, истакна Дејан Кебакоски, археолог – Институт за старо словенска култура Прилеп.
За општината овие локалитети биле голем можност за туристичка промоција на целиот регион.
„Овие два локалитети се исклучително важни не само за историјата на Македонија кои ќе укажуваат на живеењето на одредени народи во тој период туку од големо значење ќе биди и за развојот на самиот туризам во нашата општина каде што преку тие антиквитети ние ќе можеме да ја презентираме нашата култура, историја и традиција. А во исто време ќе придонесеме за реклама на општината во светски рамки“, вели Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.
Се очекува со интензивно темпо истражувањата да продолжат и на двата локалитети идната година.
 
  
„Неолитот е период кога за прв пат се започнува со земјоделство во Европа, а Пелагонија е еден од регионите каде што

Пронајдете не на следниве мрежи: