Откриј дали си напорна девојка?

Заљубените девојки понекогаш знаат да бидат многу напорни – не затоа што тоа навистина го сакаат, туку затоа што не можат да си помогнат. Ако се препознаеш во некои од овие работи, тогаш можеби е вистинско време малку да “оладиш“.
Сакаш да бидеш во контакт со него цел ден
И дење и ноќе. Секој пат кога нема да ти одговори на СМС порака, му испраќаш уште една, а ако не одговори ни на неа, му се јавуваш? Можеби едноставно не ја видел пораката или моментално не му било згодно да ти одговори – во секој случај, немој да го опседнуваш, бидејќи ќе делуваш малку напорно.
Се однесуваш како негов личен асистент
Убаво од тебе што сакаш да му помогнеш, но ако постојано се трудиш да водиш сметка за неговиот распоред и да му диктираш што кога да направи, делуваш како да немаш сопствен живот. Дозволете му самиот тој да побара помош од вас, но немојте да му се нудите на секој половина час.
Сакаш заеднички Фејсбук
Твоето и неговото име, плус двете презимиња? Не е слатко, чудно е, а освен што делува блесаво, замислу колку другари ќе му се смеат ? Можеби некои момци навистина сакаат Фејсбук профил со својата девојка, но веруваме дека повеќемина се оние кои од тоа се ужаснуваат.
Неговите другари се твои другари
Кога сака да се најде со другарите, ти одиш со него, а кога одиш на кафе со пријателките, сакаш и тој да дојде со тебе. Се разбира дека треба да се дружите со взаемните пријатели, но понекогаш е добро малку да се раздвоите и да поминете малку време со луѓето со кои не се гледате често.
Му купуваш облека
За роденден, Божиќ и Валентајн е во ред, но ако постојано му купуваш облека, се однесуваш како да си му мајка, а не девојка. Момците мора сами да си ја одбираат облеката. Ако тоа го правиш постојано и самоиницијативно, тој ќе се почувствува само како кукла која ти сакаш да ја облекуваш.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24. Заљубените девојки понекогаш знаат да бидат многу напорни – не затоа што тоа навистина го сакаат, туку затоа што

Пронајдете не на следниве мрежи: