По неколку децении на теоретизирање и дебати за можностите, научниците конечно посочија дека откриле голем океан под обвивката на Земјата, три пати поголем од сите мориња заедно.Ова неверојатно откритие укажува на тоа дека водата на површината дошла од внатрешноста на Земјата, како дел од „воден циклус на планетата“, што ја побива теоријата дека водата на Земјата пристигнала од замрзнатите комети пред многу милиони години.
Научниците денес знаат многу повеќе за составот на планетата и што повеќе тие знаат, стануваат се поточни прогнозите за климатските промени, времето и нивото на морињата, бидејќи сето тоа е поврзано со тектонски активности.
Студијата беше спроведена од страна на истражувачи и геофизички научници од САД и Канада, кои користеле податоци од голем број на сеизмометри низ САД за да го „слушаат“ движењето на обвивката и јадрото на Земјата.
Така, научниците сега веруваат дека водата потекнува од внатрешноста на планетата благодарение на геолошка активност.
Една статија објавена во магазинот Nature вели дека истражувачите откриле мал дијамант кој упатува на постоење на огромен резервоар на вода под слојот на Земјата, на околу 600 километри под површината.
Главениот автор на студијата, Греам Пирсон, член на Универзитетот на Алберта во Канада, вели: „Една од причините зошто Земјата е динамична планета е токму присуството на вода во нејзината внатрешност.“
По бројни студии и сложени пресметки, научниците сега веруваат дека огромен базен со вода се наоѓа во транзиционата зона помеѓу горната и долната обвивка, некаде помеѓу 400 и 660 километри под површината.Ова неверојатно откритие укажува на тоа дека водата на површината дошла од внатрешноста на Земјата, како дел од „воден циклус на планетата&ld