Oтпуштените од ТЕЛМА прашуваат “кој ќе му се спротивстави на семоќниот“?

Раководството на телевизија Телма пред една недела прогласи 12 новинари за технолошки вишок Станува збор за најискусните новинари во телевизијата, со долгогодишни кариери зад себе. Сите се во шок, велат дека не добиле никаква најава за ваквата скандалозна одлука на раководството на Телма.Меѓу нив се и докажани новинарски имиња како Панта Џамбазовски, Емилија Лазаровска, Томислав Османли, Виолета Зајкова, Соња Николовска, Јулијана Лефковска Пешевска и други вработени во информативната, културната и во забавната редакција на телевизијата.
Од дванаесетте новинари кои беа прогласени за технолошки вишок во Телма, раководството и синдикатот постигнале договор четворица од нив да бидат преместени на пониска функција и да им биде намалена платата, додека за осуммина отказот важи.
Соња Николовска, Виолета Зајкова, Јулијана Пешевска од информавната редакција и Сотир Трајков од културната редакција се оние кои ќе останат на работа во Телма, со нови решенија и намалени плати. Од друга страна, осуммината останати од вкупно 12 новинари прогласени за технолошки вишок ќе добијат отказно решение.
– За жал, менаџментот на куќата не ги прифати аргументите и предлозите на синдикатот за двајца членови на ССНМ, Влатко Змејковски и Бранка Костиќ и не се постигна договор за нивно останување на работа, за кои и покрај нашите заложби, и одвоените средби кои ги имаа со раководството, не се најде заеднички јазик за понатамошен ангажман. На овие двајца колеги синдикатот ќе продолжи да им пружа правна и друг вид помош во иднина доколку биде потребна, објаснуваат од Синдикатот.
Наредната недела договорите правно ќе се официјализираат.
Инаку меѓу оние кои не успеаја да се спогодат е Емилија Лазаровска, која се огласи со фејсбук статус по повод отпуштањата во Телма:
„Не случајно одбрав да не сум член на синдикат, во македонски услови, и да не се потпрам на нивната помош уште пред две години.
Доколку ги прифатев нивните сугестии дека работата е завршена и дека не сум ни прва ни последна што била сменета, што е точно, не ќе докажев на суд дека сум единствена елиминирана на таков тенденциозен, незаконски и деградирачки начин. Со судска пресуда добив и отштета, односно надомест на плата и придонеси за повеќе од една година. Колеги, синдикалисти, што е ова?! Вие сте се договориле со раководителот Атанас Кировски четворица новинари да останат на работа со намалени плати, но без стекнатата, одработена, чесно и макотрпно, новинарска кариерност, место во новинарството? Дали еден лекар хирург, некој може да го врати да биде стажант или општ лекар почетник, дали адвокатот може пак да биде приправник во некоја адвокатска канцеларија, дали судија може некој да го врати да биде пак стручен соработник, дали? Никој не ја уништува, обесмислува, понижува новинарската професија како ние самите. Наместо синдикатот да се бори за поголеми плати за сите во новинарството, тој излегува на преговори со позиција – дај што ќе дадеш. Вие само ја бетониравте тезата на господин бибиси дека имаме неприфатливо големи плати,и дека треба да се изедначат со сите други низ медиумите,а на тој начин уште повеќе да се потчинат новинарите и да се третираат точно како извршители,според неговото сфаќање. Со овој чин заедно го погребавте новинарското достоинство.
Кој од тие што останавте сега ќе има петле да му се спротистави на семоќниот? Не се боревме долги дваесетина години во Телма за ова. Да, признавам, платите и достоинството на новинарите беа пред скапите столчиња, блештави студија, козметички третмани, гардероба и признавам имавме најголеми плати ,целосна независност и притоа, да, не бевме членови на синдикат. Но, исто така признавам и дека три години, ние водителите на вести, седевме на два тома Златна книга ставени на столчето во студиото,за да изгледаме поисправени на екранот. Не ни пречеше тоа ,иако имавме жестоки кавги со директорот дека ова е под секое ниво, посебно заради здрвените задници кога ќе завршеа вестите. Но, нашето мото беше – информацијата пред сè! И немавме обезбедено што ќе облечеме, а Панта и Соња ги имаа најздодевните сакоа. Но, другото, тоа што сите наши колеги од другите медиуми го бараа и заради што сонуваа да бидат дел од тимот на онаа Телма, го имавме.
Не е навреда или понижување да бидеш репортер, како што се обидува медиумскиот инквизитор да ги спинува нашите реакции, туку е беда и измама во име на новинарството, да ја обезвредниш професијата до ниво на непрепознатливост и непотребност. Не ме повикувајте да се вклучам во синдикалната борба, бидејќи не сакам да бидам соучесник во синдикално-менаџерската спрега и буткање на тезата без секого се може и дај друго дете. Во нормалниот свет, добрите менаџери преговараат да ги донесат квалитетните во своите редови и добро да ги платат, а не како да донесат неколку нови деца и со нивните плати да ги платат според принципот една плата за четворица новинари. Ciao bella Телма, ciao…..“-напиша Лазаровска на Фејсбук.
 Меѓу нив се и докажани новинарски имиња како Панта Џамбазовски, Емилија Лазаровска, Томислав Османли, Виолета Зајкова, Соња Николовска, Јулијана Ле

Пронајдете не на следниве мрежи: