Отворени 180 работни места во Влада без работно искуство

Врз основа на член 14 став 1 и 2 од Законот за државните службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 81/2005, 61/2006, 36/2007, 161/2008, 6/2009, 114/2009, 35/2010, 167/2010, 36/2011 6/2012, 24/2012 и 15/2013) и Правилникот за начинот на селектирање и вработување на државните службеници и за формата и содржината на пријавата за интерен оглас за вработување на државен службеник (“Службен весник на Република Македонија” бр. 13/2011, 27/2011, 182/2011 и 69/2013)АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 139/2014
за вработување на 180 државни службеници во Влада на Република Македонија – Секретаријат за спроведување на Рамковниот Договор за следните работни места:
1. Помлад соработник за стратегија, планирање и следење, Одделение за стратегија, планирање и следење (150)извршител(и);
– Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – Општествени, техничко-технолошки или природно-математички науки
– без работно искуство
– ефективна вербална и писмена комуникација
– компјутерски вештини
– познавање на англиски јазик или друг светски јазик
Плата: 20.170,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
2. Помлад референт за стратегија, планирање и следење, Одделение за стратегија, планирање и следење (30)извршител(и);
– Више или Средно образование (VI или IV)
– без работно искуство
– ефективна вербална и писмена комуникација
– компјутерски вештини
– познавање на англиски јазик или друг светски јазик
Плата: 12.655,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок
Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Влада на Република Македонија – Секретаријат за спроведување на Рамковниот Договор заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници.
Рокот за доставување на пријавите изнесува (8) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 – Комисија за селекција на јавен службеник (со назнака за оглас број 139/2014) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација https://prijava.aa.mk.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во писарницата на Агенцијата најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат.
Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, се спроведува структуирано интервју во рок од седум дена по полагањето на испитот во органот за чии потреби е објавен јавниот оглас. Врз основа на резултатите од образованието, од испитот и интервјуто, Комисијата за селекција објавува ранг-листа на тројцата најуспешни кандидати кои во рок од пет дена се тестираат со единствен психолошки тест со аспекти на интегритетот на личноста на кандидатот, односно може да се тестираат со тест батерија составена од психолошки тест и тест за интегритет, а трошоците за тестирањето паѓаат на товар на кандидатот
Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 13/2011 ина интернет локацијата https://aa.mk.
Краен рок за пријавување: 24.09.2014АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 139/2014
за вработува

Пронајдете не на следниве мрежи: