Отворени денови на Платежната агенција во Општина Кривогаштани

Во рамки на Отворените денови на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, денеска во посета на Општина Кривогаштани беа претставници од платежната агенција, предводени од директорката Билјана Вуковиќ во присуство на Градоначалникот Тони Заткоски.Посетата предвидува директна средба со земјоделците а додека целта на Отворените денови за граѓаните е реализирање директни средби со земјоделците  на кои ќе се дискутираат сите проблеми и дилеми како и нерасчистени ситуации кои се водат во агенциите , ќе се даваат и сугестии, предлози и идеи од нивна страна кои потоа ќе бидат разгледани и евентуално преточени во конкретни мерки за подобрување на состојбите. Земјоделците добија одговори на прашањата за огласите на Владата за кофинансирање за набавка на механизација, приклучна механизација, подигање овошни насади за кои има 50 проценти финансиска поддршка и други во кои земјоделците инвестирале, им се разјаснија прашања од нивен интерес и проблеми со кои се соочуваат при аплицирањето за субвенции или доделувањето земјоделско земјиште и како да побараат стручна помош.  Низ дискусиите ќе се собираат идеите на земјоделците кои потоа ќе се анализираат и врз основа на заклучоци, ќе се креираат  соодветни мерки.
Во рамките на Отворените денови ќе бидат посетени 102 населени места. Вработените во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во министерството им стојат целосно на располагање на физички лица или претставници на одредено земјоделско стопанство, и да ги информираат за условите за добивање одредена финансиска помош, но и доколку имаат потреба од консултантска помош во делот на изработка на технички проект за добивање средства од ИПАРД програмата, на располагање им стојат советниците од советодавната Агенција за поддршка на развојот на земјоделството.Посетата предвидува директна средба со земјоделците а додека целта на Отворените денови за граѓаните е реализирање директни средби со земјоделците&

Пронајдете не на следниве мрежи: