Отворени новите погони на „Џонсон Мети“ каде ќе бидат вработени 200 лица

Во индустриската зона Бунарџик се отворија два нови погони на „Џонсон Мети” за производство на автокатализатори.Тоа е втора фабрика на „Џонсон Мети” во индустриската зона „Бунарџик”. Првите погони на истата локација компанијата ги отвори во април 2010 година, а вкупните вложувања во Македонија се околу 130 милиони евра. Премиерот Груевски оцени дека првата инвестиција на „Џонсон Мети” ги оправдала нивните очекувања поради што пројавиле интерес за изградба и на втора фабрика во Македонија.
– На тој пат соработката и поддршката од институциите, како и добрата бизнис-клима во нашата земја беа само поткрепа на плановите на инвеститорот. Она што исто така радува е задоволството на компанијата од способностите и постигнувањата на вработени во „Џонсон Мети” во Македонија, рече Груевски, посочувајќи дека образованите, способни и мотивирани кадри и поддршката од институциите биле силна поткрепа во одлуката за изградба на втората фабрика.
Груевски очекува извозот на „Џонсон Мети” следната година да достигне милијарда евра, а година дена потоа 1.250.000.000 евра.
Повеќе на следниот ЛИНКТоа е втора фабрика на „Џонсон Мети” во индустриската зона „Бунарџик”. Првите погони на истата локација компанијата ги отвори во април

Пронајдете не на следниве мрежи: