Секогаш контроверзен, Чарли Чаплин е легенда на визуелната комедија, мимиката и фарсата.Тој беше актер, комичар, режисер, композитор и продуцент. Неговата најпозната улога е „Скитникот“ (The Trump), која на почетокот ја играл во „Kid Auto Races At Venice“.Видеото кое ќе ви го прикажеме е извадок од „Големиот Диктатор“. Во 1940 година, САД сѐ уште не беше официјално во војна со Нацистичка Германија. Токму затоа, ова е еден од првите филмови што ја обработуваат фашистичката тематика на ироничен начин.
Филмот беше оценет како чин на неверојатна храброст во времето на таа политичка гарнитура, поради отвореното исмевање на нацизмот и начинот на прикажување на евреите и нивниот прогон. Како зачин на сето ова, Чаплин се јавува и во улога на еврејски бербер, гонет од нацистите. Изгледот на берберот доста наликувал на оној на Скитникот. На крајот двете улоги на Чаплин си ги заменуваат местата, а Чаплин ја напушта својата сатирична улога за да ѝ се обрати директно на публиката, осудувајќи ја диктатурата, алчноста, омразата и нетрпеливоста кои треба да им го отстапат местото на слободата и соживотот. „Големиот Диктатор“ беше номиниран за Најдобра фотографија (продукција), Најдобро сценарио и Најдобра машка улога на доделувањето на Оскарите.
Неговите зборови ја немаат загубено својата моќ ниту по 7 децении:
Видеото кое ќе ви го прикажеме е извадок од „Големиот Диктатор“. Во 1940 година, САД сѐ уште не беше официјално во војна со Нацистичка



