Монсанто постојано ги надминува ривалите, носејќи ја круната за „најголемата корпорација на злото на Земјата“. И уште не е задоволен што е главен на престолот на смртта, што се наоѓа на планината на распаднатите трупови, па останува фокусиран на понови и научно поиновативни начини како да ѝ наштети на планетата и луѓето.Но, што е Монсанто и како стана толкаво општо познато зло? Ова е најдобриот начин да се започне патувањето во мрачното минато на оваа организација.
1901-те: Компанијата ја основал Џон Френсис Квин, член на Малтешките витези, триесетгодишен фармацевтски ветеран во брак со Олга Мендез Монсанто, според која го носи името (Monsanto Chemical Works). Прв производ на оваа компанија бил хемискиот сахарин, кој ѝ бил продаден на Кока-Кола како вештачки засладувач.
Дури и тогаш, владата знаела дека сахаринот е отровен и го тужела Монсанто за да го запре производството, но загуби на суд. Со тоа била отворена Пандорината кутија на Монсанто и компанијата слободно тргна да го труе светот низ безалкохолните пијалаци.
1920-ти: Монсато го шири бизнисот на индустриски хемикалии и лекови, станува најголем светски производител на аспирин, ацетилсалицилна киселина (токсична, секако). Исто така, ова е време кога нештата почнале да одат наопаку за планетата, со брзање да се воведат Монсантовите полихлорни бифенили (ПЦБ).
„ПЦБ-то беше сметано за чудо во индустриските хемикалии, масло што не гори, отпорно на деградација и со скоро неограничени можности за примена. Денес, ПЦБ се смета за една од најголемите хемиски закани за планетата. Во широка употреба како мазиво, хидраулична течност, масло за сечење, премаз и водоотпорна течна маса – стануваат сѐ појаки канцерогени материи кои се поврзуваат со нарушувања на репродуктивниот, развојниот и имунолошкиот систем. Светскиот центар за производство на ПЦБ е постројка на Монсанто со седиште во периферниот дел од источен Сент Луис во Илиноис, кадешто има највисока стапка на смртност на фетуси и прерани породувања во државата…“
1930-ти: Создадено првото хибридно семе на пченка и дејноста се проширила на детергенти, сапун, производи за чистење во индустријата, синтетички гуми и пластика.
1940-ти: Почнуваат истражувањата на ураниум, кој се користи за Проектот Менхетен, првиот од двете атомски бомби кои подоцна ќе бидат фрлени на Хирошима и Нагасаки, убивајќи стотици илјади јапонски, корејски и американски војници, како и труејќи милиони.
Компанијата продолжува со создавање на пестициди што содржат смртоносен диоксин, која ја труе храната и залихите на вода. Подоцна е откриено дека Монсанто пропушти да објави дека диоксинот бил употребен во широк спектар од неговите производи.
1950-ти: Тесно поврзан со компанијата Волт Дизни, Монсанто создава неколку атракции во Дизниевата земја на утрешноста, изложувајќи величественост на хемикалии и пластика. Нивната „Куќа на иднината“ во потполност е изградена од токсична пластика која не е биоразградлива како што тврделе. И повторно Монсанто лаже!
„Откако успеа да привлече вкупно 20 милиони посетители од 1957 до 1967 година, Дизни конечно ја растури куќата, но откри дека таа не може да се уништи. Според магазинот Монсанто, куглите за демолирање буквално отскокнувале од стакленото влакно, материјал од армиран полиестер. Пламенофрлачите, пневматскиот чекан, моторните пили и лопати не ја вршеле работата. На крајот биле употребени кабли чија намена била да ги стиснат и притиснат деловите на куќата, за да можат дел по дел да ги одвлечкаат со камиони…“
1960-ти: Монсанто, заедно со партнерот во злосторството од областа на хемијата, Дау кемикал, го произведуваат агенсот Оранж со диоксин за примена во американската инвазија во Виетнам. Резултати? Преку три милиони луѓе биле контаминирани, пола милион мртви виетнамски цивили, пола милион родени со дефекти и илјадници американски воени ветерани кои страдаат и умираат од неговите ефекти и ден денес!
Монсанто повторно се извлекува пред судот. Задоволен, поткупен и исплатен, судот го отфрлува случајот на Монсанто, а подоцна излегува на виделина дека Монсанто лажел за спроведените истражувања и дека диоксинот ефикасно убива.
Интерен меморандум, објавен за време на судењето во 2002 година, ја потврдува „докажаната постојаност на овие соединенија, а нивното општо присуство во животната средина е потврдено… елиминација на јавните и правните притисоци за да се спречи глобалното загадување е неизбежна. Каде и што ќе правиме? Алтернативи: да се излезе од бизнисот, да продаваме како луди сѐ додека постои можност да го правиме тоа и ништо друго; обид да се остане во бизнисот; создавање на алтернативни производи“.
Монсанто стана партнер со И. Г. Фарбен, творец на токсичниот Баер аспирин и Хитлеровиот производитедл на хемикалии, кој истребил милиони луѓе со својот Циклон-Б гас за време на Втората светска војна. Компаниите ја искористуваат колективната стручност во геноцидот за да воведат аспартам во исхраната, уште еден смртоносен невротоксин. (Види ЛИНК)
1970-ти: Монсантовиот партнер, Џеј Ди Серл, прави над стотина лажирани интерни студии во кои се тврди дека аспартамот ќе биде безбеден, иако научните истражувања на ФДА јасно покажале дека аспартамот предизвикува тумори и масивни дупки во мозокот на стаорците. ФДА иницираше истрага против компанијата на Џеј Ди Серл поради „свесното лажно прикажување на истражувања, прикривања на материјални факти и давање лажни изјави“ во поглед на безбедноста на аспартамот.
Серл, тогаш прави стратешки чекор и како директор го поставува угледниот вашингтонски инсајдер Доналд Рамсфелд, кој бил секретар за одбрана за време на мандатите на Џералд Форд и Џорџ Буш.
Неколку месеци подоцна, Семјуел Скинер добива „понуда којашто не се одбива“, се повлекува од истрагата и поднесува оставка од функцијата во американското Јавно обвинителство. Новата работа му е во адвокатската фирма на Серл. Оваа мафијашка тактика го одолговлекувала случајот доволно долго за да застари и големата порота во еден момент целосно да го отфрли случајот.
ПРОДОЛЖУВА…Но, што е Монсанто и како стана толкаво општо познато зло? Ова е најдобриот начин да се започне патувањето во мрачното минато на оваа организација.