Ова е НАЈЧУВАНАТА чанта во светот: Еве кои четири нешта се наоѓаат во неа!

Црната кожна чанта, која секогаш се наоѓа во близина на американскиот претседател Барак Обама, се вика „football“. Многумина ја нарекуваат и црна кутија, а долго се верувало дека во неа се наоѓа познатото црвено копче со кое се активираат американските нуклеарни проектили.Иако постои некаква поврзаност со нуклеарното оружје, во оваа црна чанта не се наоѓа никакво црвено копче. Поточно, во неа се сместени само четири нешта, а едно од нив е црна книга на чиишто 75 страници се наоѓа и опис на постапките во случај на нуклеарен напад.
Покрај тоа, чантата содржи уште една книга со список на места каде што, во случај на нуклеарен напад, претседателот може да се сокрие. Тука е и папката со документи за управување со комуникацискиот систем, преку кој американскиот претседател ѝ се обраќа на нацијата во вонредни ситуации.
Тука се наоѓа и кодот за авторизација на нуклеарен напад, а ако се има во предвид дека од чантата често се забележува и антена, може да се заклучи дека во нејзината внатрешност се крие и систем за комуникација.
„Чантата го доби името според шифрираното име на американскиот таен нуклеарен план `Drop Kick`, што претставува термин кој се употребува во американскиот фудбал”, објасни поранешниот американски министер за одбрана Роберт НекНамара.
Лицата на кои им се доверува оваа чанта, поминуваат низ специјални обуки и во секој момент мораат да ја носат во близина на претседателот, каде и да оди тој, а сето воопшто не е лесна задача, бидејќи чантата тежи околу дваесеттина килограми.
„Секогаш чувствувате притисок, а јас често ја отворав за да се уверам дека сите нешта сѐ уште се наоѓаат внатре”, изјавил војникот Роберт Патерсон, кој бил задолжен за чантата во текот на претседателскиот мандат на Бил Клинтон.
Оваа чанта за првпат се појавила во времето на Кенеди, веднаш по кубанската ракетна криза во 1962 година.
Иако постои некаква поврзаност со нуклеарното оружје, во оваа црна чанта не се наоѓа никакво црвено копче. Поточно, во неа се сместени само четири

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.