Ова е најпопуларно женско име во светот – а и во Македонија е многу често!

Името кое го носат многу девојчиња ширум светот, а чие значење е „мудрост“, ги краси многу девојчиња и во Македонија. 
Едно женско име има предност пред останатите кога говориме за светската популарност, а до тој заклучок дојде Лаура Вотенберг, Американката која правела истражување на оваа тема.
Најпопуларното женско име во светот е Софија. Меѓу земјите во кои има најмногу девојчиња кои го носат ова име се: Мексико, Италија, Русија и САД.
По истражувањето, Лаура Вотенберг вели дека името Софија ја надминува културата и границите.
„Запрепастувачки е тоа што на толку различни јазици и во толку различни култури едно име звучи исто. Тоа сигурно говори нешто за начинот на кој културата денес се пренесува“, вели Лаура за „Live Sience“. Софија е меѓу првите 25 имиња во две третини од земјите кои водат статистика за зачестеност на давање на одредени имиња на децата, повеќето во Европа и Америка, но една генерација претходно ова име не било популарно. Неговата моментална голема популарност оваа научница го објаснува со фактот дека името на различни јазици се изговара лесно и исто и дека значи „мудрост“.
Во превод значат ЛУБОВ: Еве неколку прекрасни имиња кои би можеле да им ги дадете на вашите деца.
За разлика од Софија која го освојува светот, имињата инспирирани од религијата, како Марија и Ивана се се поретки.
Родителите на децата им ставаат по уникатни имиња за кои воедно сметаат дека звучат помодерно, вели Лаура.
Ова се најчестите имиња на Балканот
  
Едно женско име има предност пред останатите кога говориме за светската популарност, а до тој заклучок дојде Лаура Вотенберг, Америк

Пронајдете не на следниве мрежи: