Станува збор за часовникот Патек Филип од 1933 година, кој е познат и уште како свет грал помеѓу часовниците. Часовникот неодамна беше продаден за 15 милиони фунти (18,7 милиони евра).Она што е познато е дека часовникот носи еден вид проклетство за сопственикот, а дека клетвата и понатаму е „жива“, сведочи и тоа дека последниот познат сопственик починал два дена пред аукцијата.
Неколку часа пред да биде купен часовникот, шеикот Сауд бин Мохамед ал Тани (48), досегашниот сопственик и еден од најбогатите луѓе во светот, починал во мистеризони околности во својот дом во Лондон.
Овој припадник на кралското семејство од Катар, го купил часовникот пред 15 години, за неверојатни 11 милиони долари. И додека неговата смрт е објавена дури по продажбата на часовникот, никој сѐ уште не ја знае причината за смртта.
Имено, овој часовник има својата приказна која го следи од самото настанување. Имено, неговиот прв сопственик Хенри Грејвс, кој бил познат банкар, во најголема тајност го нарачал од славниот Патек Филип уште во дамнешната 1925 година. Грејвс сакал да му се направи „најкомплицираниот часовник на светот“, кој ќе има две лица и дури 24 дополнителни подесувања.
Едното лице на часовникот требало да ги покажува сите Месечеви фази, а другото заоѓањето и изгревањето на Сонцето во Њујорк. Имал аларм, штоперица и календар. Меѓутоа, седум месеци откако Грејвс го добил часовникот, починал неговиот најдобар пријател. Неколку месеци подоцна, неговиот син Џорџ загинал во сообраќајна несреќа. Да биде уште полошо и другиот син на Хенри го изгубил животот на овој начин.
Инаку, триесетите години на минатиот век биле години на Големата депресија и Грејс станал мета на незадоволство на јавноста, бидејќи никој не можел да верува дека може да расфрла пари на таков луксуз додека народот умира од глад. Грејвс почнал да се сомнева дека овој часовник му носи само несреќа. Кога еднаш бил на јахтата со неговата ќерка, наводно рекол:
„Оваа работа не ми донесе ништо освен несреќа“, и тргнал да го фрли во вода. Но, ќерката го спречила во тоа. „Не немој да го фрлаш. Можеби еден ден ќе посакам да го имам“, му рекла. Од тој момент, па натаму, часовникот секогаш бил кај Гвендолин. Таа подоцна му го подарила на својот син Реџиналд Фулертон, кој го продал на еден индустријалец од Илиниос за 200.000 долари, што е околу милион долари во денешни пари.
Сѐ до 1999 година, часовникот бил изложен во музеј во Илиниос, а потоа е продаден на приватен колекционер за 11 милиони долари. Всушност, тогаш и дошол во сопственост на шеикот Сауд бин Мохамед ал Тани. За него велат дека бил една од највлијателните личности во светот на уметноста, а часовникот го обожавал и го чувал во приватата колекција. Неговите блиски раскажуваат дека секојдневно му се воодушевувал.Она што е познато е дека часовникот носи еден вид проклетство за сопственикот, а дека клетвата и понатаму е „жива“, сведочи и тоа дека



