Ова е најубавото ЉУБОВНО ПИСМО на сите времиња

Честитката која Џони Кеш ја напишал за својата сопруга Џун Картер е прогласена за најубавото љубовно писмо на сите времиња.  Инаку, писмото е напишано во 1994 годна, кога „човекот во црно” на својата сопруга и го честитал 65-от роденден и на тој начин ги освоил срцата на бројните гласачи кои што зеле учество во анкетата на британската осигурителна компанија “Beagle Street”, одржана во пресрет на Денот на вљубените, се со цел дополнително да ги поттикне луѓето да се романтични.„Среќен роденден, принцезо. Старееме и навикнуваме еден на друг. Исто размислуваме. Си ги читаме мислите. Знаеме што сакаме без ниту едно поставено прашање. Понекогаш по малку си одиме на нерви. Понекогаш можеби и се земаме за готово еден со друг.
Но, понекогаш, како еве денес, размислувам за се и ми станува кристално јасно што животот го поминав со најдобрата жена која што сум ја запознал. Се уште ме фасцинираш и инспирираш. Твоето влијание ме прави мене подобар. Ти си предметот на моите желби и главната причина поради која постојам. Многу те сакам! Среќен роденден, принцезо,
Џон”
Помеѓу останатите писма кои што особено им се допаднале на луѓето се оние на Винстон Черчил , Џон Китс, Ернест Хемингвеј и Бетовен.
Вистон Черчил за неговата сопруга Клементина (1935)
„Моја драга Клеми, во твоето писмо од Мадрас ми напиша зборови кои што ме допреа, за тоа колку сум го збогатил твојот живот. Не можам да ти опишам колку тоа ме усреќи затоа што кога би постоеле љубовни сметки, јас засекогаш би ти бил должен.”
Џон Китс за сосетката Фани (1819)
„Не можам да постојам без тебе. Заборавам на се друго и сакам само повторно да те видам. Мојот живот во тој момент застанува. Не гледам понатаму. Ме апсорбираше.”
 Ернест Хемингвеј до Марлен Дитрич (1951)
„Не можам да ти кажам дека секогаш кога ќе те прегрнам, чувствувам како да сум дома.”

 

Наполеон за Жозефин (1796)
„Откако те напуштив, постојано сум потиштен. Мојата среќа е покрај тебе. Постојано ги преживувам сеќавањата на твоите допири, солзите, твојата грижливост. Пламенот на шармот на неспоредливата Жозефин постојано гори и сјае во моето срце.”
 Ричард Бартон за Елизабет Тејлор (1964)
„Моите слепи очи постојано чекаат да те видат. Секако, ти за тоа не си свесна, како ни за тоа дека секогаш си магично убава и за тоа дека на необичен начин си стекнала посебна и опасна убавина.”
Кралот Хенрик Осми за Ен Болејн (1527)
„Сакам да ги знам твоите намери поврзани со нашата љубов. Морам да го добијам тој одговор затоа што повеќе од една година сум ранет со таа стрела на љубовта, а се уште не знам дали ќе пропаднам или ќе најдам место во твоето срце.”
Писмо на Бетовен за мистериозната „бесмртна љубов”
„И додека лежам во постелата, моите мисли итаат кон тебе, моја Бесмртна љубов, понекогаш весела, па повторно тажна, исчекувајќи од судбината да не послуша. Јас можам да живеам со тебе или да не живеам воопшто без тебе.”
Гералд Форд за Бети Форд откако и е дијагностициран рак (1974)
„Нема напишани зборови со кои би можело да се искаже мојата длабока, длабока љубов. Знаеме колку си прекрасна и ние, децата и татко им, ќе се обидеме да бидеме силни како тебе. Нашата верба во тебе и Бога ќе не одржат. Нашата заедничка љубов е вечна.”
Џими Хендрикс за својата „девојка”
„Среќата е во тебе. Затоа, исфрли ги синџирите од срцето и порасни како сладок цвет, каков што си. Го знам одговорот, само рашири ги крилјата и биди слободна.”„Среќен роденден, принцезо. Старееме и навикнуваме еден на друг. Исто размислуваме. Си ги читаме мислите. Знаеме што сакаме без ниту едно пос

Пронајдете не на следниве мрежи: