Дашрат Манџи живеел во малото село Галур, во Бихар, Индија. Најблиската медицинска установа се наоѓала во Гаја, оддалечена 8 километри по воздушна линија, а 50 километри по копнена. Проблем му претставувала големата планина која го блокирала приодот кон патот.
Сопругата на Манџи, Фалгуни Деви, се повредила во 1950 година и починала поради долгиот пат кон болницата. Селото се наоѓало меѓу последните на листата на приоритети на владата за изградба на пат и не постоела шанса дека ситуацијата наскоро ќе се поправи.
Така, во чест на покојната сопруга, Манџи ги зел работите во свои раце и во 1959 година почнал да „прави пат“ низ планината, за да може на соселаните да им пружи пристап кон болницата. Тој бил потполно сам. Копал со рачни алати.
Ги продал своите кози за да купи длето, јаже и чекан. Луѓето му велеле дека е луд и ексцентричен, како и дека нема конкретни идеи и планови. И покрај обесхрабрувачките коментари, Дашрат доследно се држел до својата цел, цели 22 години!
Поради упорноста, издржливоста и љубовта кон покојната сопруга, тој го дочекал денот кога зачекорил низ рамниот премин – долг околу еден километар и широк околу пет метри. Конечно здогледал што се наоѓа зад „другата страна од планината“.
„Кога почнав да копам, луѓето ме нарекуваа лудак, но тоа само ја зајакна мојата одлучност“, рече Дашрат Манџи.
Манџи стана познат по своето остварување, а добил и државен погреб по неговата смрт во 2007 година.
Проблем му претставувала големата планина која го блокирала приодот кон патот.
Сопругата на Манџи, Фалгуни Деви, се повредила во 1950 годин



