Ова е украинската хероина која влева страв кај Русите!

Надја Надежда Савченко (26), е пилот на украинските воздушни сили и е најпознат воен заробеник во Украина, за чие пуштање на слобода најмногу се реагира по потпишувањето на примирјето во Минск.Младата пилотка, која има летано со хеликоптер МИ-24 и бомбардер СУ-24, веќе со месеци се наоѓа во руско заробеништво, а во моментов е во затворската болница во Москва. Таа биле член на единицата „Ајдар“, а минатата година проруските сили ја заробија кај Луганск.
Надја веднаш беше испорачана во Русија, бидејќи била осомничена дека ги открила координатите на двајцате руски новинари Игор Корнељук и Антон Волошин и на тој начин им ги загрозила животите.
Надежда Савченко е повеќе од обичен украински мит, а нејзините фотографии со украинскиот трозабец во рускиот затвор зад дебели решетки, готово станаа икона на војната. Во текот на сослушувањето, таа побарала и службен преведувач, што антируски расположените Украинци ги фрли во екстаза.
Во меѓувреме, Украинците ѝ дадоа и орден за храброст. Киев еден период тврдеше дека таа исчезнала, дека можеби е стрелана, па така, во Украина почна да се шири митот за неа кој ги хранеше воените амбиции на населението.
Русите ја обвинија за смртта на неколку новинари и ја имаат пратено на психијатриско лекување, а еден незиависен руски весник покрена петиција за нејзино ослободување.
Следењето на нејзината моментална ситуација е главна вест во руската и украинската јавност.
ФОТО: Итар ТАССМладата пилотка, која има летано со хеликоптер МИ-24 и бомбардер СУ-24, веќе со месеци се наоѓа во руско заробеништво, а во моментов е во затворска

Пронајдете не на следниве мрежи: