Искористете го летото за што почесто да бидете босоноги, стапалата ќе ви бидат благодарни за тоа што сте им дале прилика да одморат.Постои причина зошто најдобрите тркачи на долги стази или маратонци доаѓаат од Кенија, Етиопија и слични земји, а една од главните причини е токму тоа затоа што најголемиот дел од својот живот го поминуваат боси, со стапала кои се совршено адаптирани на сите услови на надворешната средина“, објаснуваат ортопедите.
Летото, истакнуваат докторите, е прилика да им дадеме на стапалата шанса да закрепнат и тоа со престој на нерамни терени, каменити плажи каде интеракцијата со природното надразнување кај младите има превентивно дејство.
Ослободете ги стапалата од сите стеги на современата цивилизација на која ѝ плаќаме секојдневен данок, за што воопшто не сме ни свесни. Во цивилизацијата стапалата се адаптираат на бетонот, асфалтот, паркетот и меки подлоги и со помош на модата со неизбежните високи потпетици, добивме голем број ортопедски пациенти со рамни стапала и разни деформитети. Некогаш луѓето оделе боси по разни површини и овие деформитети биле непознати.
Спортските обувки односно патиките не се носат во спортот со кој инаку се помалку се занимаваме, туку се составен дел од гардеробата која не се соблекува по цел ден. А тоа не е добро. Обувките мораат да бидат комотни и од природнии материјали кои овозможуваат кожата да дише.Постои причина зошто најдобрите тркачи на долги стази или маратонци доаѓаат од Кенија, Етиопија и слични земји, а една од главните причини е



