Ова мало детенце црта и ги продава цртежите за да и помогне на мајка си со пари!

Деветгодишниот Никола Јовановиќ секој ден срамежливо пред својата куќа ги продава цртежите кои црта за да заработи за џепарлак и да и помогне на својата мајка која останала без работа. На оваа идеја Никола дошол сам. „Пред четири години мајка ми и јас бевме во тешка ситуација.Таа немаше постојана работа, работеше по куќи, а нејзината заработувачка не беше доволна за нас и нашиот скромен живот и поради тоа одлучив да и помогнам“ вели малиот Никола. Тој вели дека мајка му уште од многу мал го научила како треба да се однесува со луѓето и во секојдневието.
„Лошо е да се краде, проси и лаже и секој човек ако е здрав и ако сака да работи може да заработи за пристоен живот. Затоа решив своите цртежи да ги понудам на оние кои сакаат да ги купат. Не сакам мојата мајка да пати, да се нервира и да плаче навечер затоа што не знае како да ми го обезбеди тоа што мисли дека ми е потребно“.
Мајката на Никола, Снежана пак е воодушевена од неговата зрелост. „Не знам дали вакво дете на негови години има уште негде.
Премногу рано созреа и стана вистински мал човек, пример на сите нас возрасните. Кога прв пат ми рече дека сака да продава слики, јас се спротивставив. Не сакав да пати, а луѓето да ми префрлуваат дека јас сум го натерала на такво нешто, но Никола беше одлучен и на крај попуштив“. Снежана е самохрана мајка, а со синот живеат во 14 квадратен стан.
„Никола веќе 4 години, било да е зимо или лето продава цртежи на улица. Некогаш заработува 200 динари, а некогаш повеќе. Има и денови кога никој не му купува цртеж, па се враќа дома тажен“, вели Снежана Јовановиќ.
Во скромниот дом, во кој до минатата година имало земјен под, поставиле ламинат, ги бојадисале ѕидовите, поставиле и санитарии за да не мора зимно време да одат во полскиот тоалет, а се капат во кујната.
„Таман кога планиравме да го направиме и кровот, кој при најмал дожд прокиснува, останав без работа. Од 3000 динари детски додаток и мојата работа низ куќи, јас и детето тешко преживуваме. сепак, најважно ми е што детето ми е здраво. Никола е гордо и храбро дете, чесно и вредно“ вели Снежана Јовановиќ.
Малиот Никола обожава да црта цвеќиња, вазни, бокали, шолји бидејќи според него тоа најдобро се продава.
Тој како и неговите врсници сонува за најобични работи како што се компјутер (кој го нема) и фудбал за кој сонува да тренира. „Сакам сериозно да тренирам, но немаме пари за тоа“ вели малиот уметник.
По објавувањето на текстот во српските медиуми добрите луѓе на кои Никола им ги насолзил очите веднаш поитале да му помогнат на ова детенце да има посреќно детство.
Повеќе на mkd-news.comТаа немаше постојана работа, работеше по куќи, а нејзината заработувачка не беше доволна за нас и нашиот скромен живот и поради тоа одлучив да и по

Пронајдете не на следниве мрежи: