Ова момче има само 14 години и заработува 1.400 евра дневно. Еве со што се занимава!

Четиринаесет годишниот Ким Сунг-јин од Јужна Кореја, заработува и до 1.400 евра на ден, а работата за таа дневница и не е многу тешка.Негова задача е пред камерата да јаде брза храна и за тоа време да комуницира со луѓето.
Ким Сунг-јин јаде пица, пржено пилешко или кинеска храна во мала соба јужно од Сеул и притоа разговара со публика во живо. Неговиот разговор оди во програмата на една телевизија чија содржина се емитува преку интернет.
Тој јаде пред публика уште кога имал 11 години.
Сѐ започнало откако посакал да има друштво додека вечера. Неговите родители работеле во друг град, а тој живеел со неговите баба и дедо кои вечерале многу порано од него.
Програмата, преку која и тој ги емитува своите вечери, стана клучен дел од социјалниот живот на бројни јужнокорејски тинејџери.
„Луѓето ме поздравуваат на улица“ – вели Ким и додава дека работи по свој избор и дека тоа е привилегијата на личното емитување.

 Негова задача е пред камерата да јаде брза храна и за тоа време да комуницира со луѓето.
Ким Сунг-јин јаде пица, пржено пилешко или кинеска

Пронајдете не на следниве мрежи: