ОВА МОРА ДА ГО ПРОБАТЕ: Подгответе освежителна и вкусна лубенада!

Никогаш доста од освежувања во овие топли денови. Овој пијалак ќе ви помогне да ги победите летните горештини.Состојките за подготовка на оваа напивка се лесно достапни и ги има во изобилство во овој период, па не претставуваат голем трошок.
Потребни состојки:
– десетина коцки од лубеница без семки
– 3 ½ филџани вода
– 2 лажици мед
– ½ филџан свежо исцеден сок од лимон
– парчиња лимон
– мента
Подготовка:
1. Во помал лонец додадете ½ филџан вода и 2 лажици мед и пуштете да зоврие. Мешајте додека не се раствори медот.
2. Ставете ги парчињата лубеница во блендер и изблендирајте сѐ додека смесата не стане течна. Процедете ја лубеницата додека не добиете чист сок.
3. Помешајте ја смесата заедно со сирупот кој претходно треба да го направите со трите филџани вода и сокот од лимон. Наполнета ја чашата со мраз, додадете сок од лубеница и потоа дополнете ја чашата со лимонада.
4. Благо измешајте пред сервирање. Украсете со парчиња лимон и ливчиња од нане.
Уживајте!Состојките за подготовка на оваа напивка се лесно достапни и ги има во изобилство во овој период, па не претставуваат голем трошок.

Пронајдете не на следниве мрежи: