Ова се пораки од најголемите пророци: БАБА ВАНЃА, НОСТРАДАМУС И ТАРАБИЌ: Третата светска војна – почна!

Многу познати светски пороци се согласиле дека оваа година ќе биде година во која почнува Третата светска војна. Еве што за тоа, за војната на исламистите, колоните со бегалци кои навираат низ Европа, говори баба Ванѓа, Нострадамус и Тарабиќи.Баба Ванѓа: Муслиманите ќе владеат со Европа
Бугарката Вангелија Гуштерова, позната под името баба Ванѓа, предвидела дека во 2010 ќе почне Третата светска војна, но така што спорови прво ќе избијат во земјите каде народот ќе војува меѓусебно, а дека подоцна тоа ќе почне да се шири низ целиот свет. Баба Ванѓа предвидела дека во 2020 година Европа ќе биде скоро празна, без луѓе и најавува дека во 2043 година на Стариот континент ќе завладеат муслиманите.
Баба Ванѓа навела дека муслиманите преживеаните Европјани ќе ги елиминираат со хемиско оружје. Во Франција потоа ќе зајакне партизанско движење против Исламистите. Слепата пророчица предвидела и дека Американците во 2066 ќе го нападнат Рим, кој тогаш ќе биде сосема муслимански град. САД  во нападот ќе користат ново воздушно оружје.
Ванѓа и во 2014 „видела“ за 3 случувања: Првото е големата поплава во пролетта. Другото „видување“ се однесува на Бугарија на која подобар живот после мај ќе и донесе висок човек кој доаѓа од странство. И на крајот како трето видување, Баба Ванѓа предвидела доаѓање на нови неволји и болести и тоа во форми полоши и од сида, која првенствено ќе ги погаѓа мажите.

Нострадамус: ИСИЛ “третиот антихрист”
Според некои толкувања на Нострадамус, колапсот на Европската унија ќе почне оваа година, во 2015 година. Ќе се формираат групи од по три земји кои ќе се создаваат свои цели во рамките на Унијата, што ќе доведе до слабеење и поделба на ЕУ. Нострадамус предвидел и неочекувани настани на Блискиот Исток, на кои западните сили го немаат вистинскиот одговор. Поточно, треба да следи големо обединување на муслиманите. „Од една арапска земја, ќе се роди наследник на Мухамед, ќе влезе во Европа со син турбан, ќе биде терор на човештвото. Никогаш нема да има поголем ужас”.
Многу експерти веруваат дека Нострадамус во своите пророштва го најавува нападот на арапските и муслиманските држави, кои, како што кажува во неговите стихови ќе го уништи Израел, Египет, Азија, Африка, па дури ќе дојде и до Италија, каде што ќе биде запрен од два големи владетели. Нострадамус предвидува доаѓањето на третиот антихрист, после Наполеон Бонапарта и Адолф Хитлер. Тој го нарекувал Мабус и неговата појавата на светската сцена, ќе го означи почетокот на крајот на светот каков што го познаваме денес.
Дали третиот антихрист е Исламската држава како што многумина толкуваат, одговорот со сигурност не може да се даде. Но, во исто време, ќе се случува и нешто многу поопасно, бидејќи човекот ќе мора да се бори со силите на природата. Според Нострадамус ќе дојде до промена на половите на Земјата, што ќе предизвика нова ледена доба во одредени делови од планетата. Сегашниот Северен и Јужен пол ќе се стопат, но не поради глобалното затоплување,  туку поради преместување на поларните ледени капи! На површината која фи покриваат САД, на сегашните 50 степени географска ширина ќе се формира нов Северен Пол, а Јужниот пол ќе се најде  југо-западно од Австралија.

 
Нострадамус најавува дека Земјарта ќе потоне во  „бездната на планетарниот мрак“, поради појава на некој астероид, односно планетоид од космосот. Него, овој пророк го нарекува „Месечев брат“, а астероидот би можел да донесе силно заладување и ново ледено доба. „Небото ќе гори на 45 степени“, велел Нострадамус. Тој исто така вели дека во 13 – годишниот циклус во кој се одлучува за судбината на планетата и човештвото. Тој циклус е почнат во 2012 година а ќе заврши во 2025. Првиот катастрофален земјотрес може да и се случи на Турција, а потоа наредниот во 2016 година ќе следи потрес и на црногорското приморје. Земјотресите ќе продолжат да ја тресат областа на европскиот дел на Средоземното море, а посебно Италија и Шпанија.

Тарабиќ: Србија е Ноевата арка
„Кога мирисот ќе излезе од полското цвеќе, кога милоста ќе излезе од човекот, кога реките ќе го изгубат своето здравје, ќе настане најголема општа војна. Кога ќе почне оваа војна, тешко на онаа војска која ќе долетува од небото, а блазе на оние војници кои ќе војуваат по копно и вода. Народот ќе стане глупав, ќе се раѓаат деца без да знаат кој им е дедо и прадедо“, говорел српскиот пророк  Митар Тарабиќ. Откако во 1899 година починал Митар Тарабиќ, неговиот чичко Милош, пророк како и сите од семејството Тарабиќ, никому не се јавувал се до неодамна, а потоа порача дека е близу Третата светска војна.
„А што се ќе се случи не ме ни прашувајте, не можам да ви кажам, бидејќи е многу страшно. Ќе трае со години и многу долго. Ќе страдаат невини повеќе отколку виновни. Кога војната ќе заврши се ќе биде срушено. Ќе бидат погодени најсветите места во светот, многу градови ќе бидат изгорени и срамнети со земја“, вели Милош. Видел и колони бегалци кои одат преку Балканот: „Нема да патуваат со авион, луѓето ќе одат со бродови. Ќе има многу морски ајдуци кои ќе уништуваат се на море. Секој брод ќе се плаши“, кажувал Милош Тарабиќ. Говорел дека „колоните бегалци од целиот свет ќе чекаат по границите во Србија која ќе им биде како Ноевата арка.“Баба Ванѓа: Муслиманите ќе владеат со Европа
Бугарката Вангелија Гуштерова, позната под името баба Ванѓа, предвидела дека

Пронајдете не на следниве мрежи: