Светската здравствена организација кажува дека лекарите сеуште не знаат како да го спречат чувството на болка во грбот.Се чини дека болката во грбот е многу често појава и дека нема вистински лек за неа. Новото истражување објавено во магазинот Arthritis Care направило мал чекор понапред во превенција и лечење на болката во грбот.
Стручњаците проучиле разни комбинации од различни фактори и откриле дека некои од тие ризици ја зголемуваат шансата за појава на болката во долниот дел од грбот. Истражувањето е спроведено во Сиднеј во Австралија а точно 999 луѓе кои дошле да се консултираат со лекарите поради болка во грбот ги исполниле 12-те различни клучни фактори.
Ризични фактори се
Физичка работа- подигнување на тешки работи, криво чекорење, ракување со предметите подалеку од телото, носење на децата во раце, неправилно оптеретување на телото.
Физичка активност- средна или енергична физичка активност, сексуална активост, паѓање и сл.
Психосоцијални движења- конзумација на алкохол, деконцентрираност, замор
Новото настапување на болка во грбот се зголемува со помош на низа движења. На пример, оние кои се занимавале со некоја енергична физичка активност имале околу 2,7 пати поголема шанса да се повредат, додека оние кои го правеле истото но притоа биле деконцентрирани, имале 25 посто поголема шанса да доживеат болка во грбот.
Научниците откриле дека повеќе фактори ја зголемуваат шансата за болка во грбот. Но можеби најинтересното е тоа што голем број луѓе чувствуваат волка во грбот измеѓу седум наутро и попладнето. Научниците претпоставуваат дека тоа има врска со изложеноста на некаква активност преку текот на денот.
Иако нема многу истражувања за тоа како да се отстрани болката во грбот, сепак постојат неколку работи кои можат да се направат за да се избегне.
Загревање
Загревањето не служи само за спортистите туку и за сите оние кои се подготвуваат за било каква физичка активност. Запомнете само дека истегнувањето не е загревање. Важно е само малку да се биде физички активен пред да почнете да работите- можете да трчате во место или да поскокате на јаже.
Избегнувајте го повторувањето
Болката во грбот често настанува и поради тоа што телото постојано повторува едно исто нешто, предолго останува во една иста положба, создава напнатост во долниот дел од грбот. Кога мускулите ќе се изморат расте притисокот на лигаментите и се отвараат места за повреди за кои е потребно долго време да се излечат.
Решението е да се најде погодна положба во која ќе бидете активни и ќе се одмарате во исто време. На пример доколку ја поправате цефката под мијалникот немојте само да легнете и веднаш да ја правите- подметнете нешто под себе и најдете погодна положба во која ќе можете да работите.
Слушајте го своето тело
Можеби најдобриот совет е да го слушате своето тело. Сите ние знаеме кога ќе се напрегнеме и кога ќе претераме но способни сме тоа да го игнорираме- особено доколку сме фокусирани на тоа што го правиме. Бидете мудри- одмарајте се и менувајте ја положбата во текот на работата. Немојте да бидете жртва на гордоста и самоодбрана. Кога ќе почувствувате дека треба да станете- станете! Секогаш можете подоцна да ја довршите работата!Се чини дека болката во грбот е многу често појава и дека нема вистински лек за неа. Новото истражување објавено во магазинот Arthritis Care



