Ова се топ 10 најскапи градови на светот

Сингапур четврта година по ред ја задржа позицијата на најскап град на светот, а по него следат Хонг Конг, Цирих, Токио и Осака, според полугодишното истражување на агенцијата Економист интелиџенс.Азиските градови, во извештајот за трошоци за живот ширум светот за 2017 година, заземаат пет од првите шест места, што се препишува на зајакнувањето ја јапонскиот јен.

На шестото место е Сеул, а на седмото место швајцарскиот град Женева.
Париз е на осмото место и е најскап град во еврозоната и ЕУ, а позади него е единствениот американски претставник Њујорк, додека на десеттото место е Копенхаген.

Трошоците за живот според истражувањето се најниски во казакстанскиот град Алмати, па потоа во Лагос, Бангалор, Карачи и Алжир.
Истражувањето опфати 133 градови ширум светот, како основа за истражување земен е Њујорк, додека споредените трошоци се вршени на 160 услуги и производи, вклучувајќи храна, облека и сметки.

ЕИУ оваа листа ја објавува на секои шест месеци, а податоците собрани од ова истражување се наменети за рачунање на трошоците за живот на оние кои сакаат да го променат местото на живеење, како и за оние работници патници.
 
 Азиските градови, во извештајот за трошоци за живот ширум светот за 2017 година, заземаат пет од првите шест места, што се препишува на зајак

Пронајдете не на следниве мрежи: