Доколку изминатите неколку години не сте ги поминале во пештера, сигурно сте запознаени со поимот глутен. Без оглед на тоа дали го избегнувате во исхраната или не, веројатно знаете што тој му го прави на телото. Но, дали знаете што глутенот ѝ го прави на храната?Глутенот е колекција на протеини кои можат да се најдат во пченичното брашно. Секое пченично брашно содржи два протеина – глутенин и глиадин, а во контакт со вода, овие протеини се врзуваат и создаваат „еластична мрежа на протеини“ која ја познаваме како глутен.
Клучната карактеристика на глутенот е неговата можност да го зароби воздухот и да се надува како балон, и тоа е причината зошто лебот се надига.
Но, колку точно глутенот се однесува како балон за многумина може да биде големо изненадување.
Во видеото можеме да видиме две топки тесто- едната има многу лутен додека другата е направена од брашно за колачи со многу малку протеин. По измивање на тестото добиваме две топки кои се скоро чист глутен.
Тестото богато со глутен е неверојатно еластично и лесно се меси, додека она со малку протеини слабо и едвај се развлекува.
А она што следува потоа во видеото засекогаш ќе го запомните.
Глутенот е колекција на протеини кои можат да се најдат во пченичното брашно. Секое пченично брашно содржи два протеина – глутенин и гл