Овие 7 намирници со леснотија ги топат килограмите

Доколку се обидувате да ги стопите килограмите, немојте да мислите на храната како на ваш непријател. Напротив, со одбирањето на вистинските намирници би изгубиле повеќе килограми и не би морале да гладувате или да броите калории.
Ви ги прикажуваме седумте намирници кои ефикасно ја топат маснотијата. Зоб
Зобот од сите јаглени хидрати најдобро ја одржува ситоста, затоа што се вари многу бавно. Содржи осум грама влакна или околу третина од дневните потреби. Ако кашата ја изедете наутро, долго во текот на денот ќе одржите стабилно ниво на шеќер во крвта. 
Јајца
Нутриционистите веќе со години се обидуваат да и ја вратат репутацијата на оваа намирница. Во јајцата е концентриран обликот на протеини од животинско потекло, но без маснотијата која што ја содржи месото. Истражувањата покажале дека само едно јајце како додаток или замена за тостот или житарките за доручек може да овозможи губење на повеќе килограми, отколку оброците составени од јаглехидрати.
Млеко
Докажано е дека комбинацијата на калциум, витамин Д и протеини кои ги содржи млекото е со мало количество на маснотии. Тука може да се наведе и обезмастениот јогурт кој исто така го поттикнува топењето на килограмите, при што се задржува мускулната маса.

Јаболко
Многу студии покажале како консумацијата на едно јаболко 30 минути пред оброкот може да го намали внесот на калории, бидејќи влакната кои што ги има во јаболкото даваат чувство на ситост.
Црвено месо
Веројатно не можете да го замислите црвеното месо како диетална храна, но истражувањата покажале дека жените кои јаделе црвено месо изгубиле повеќе килограми од оние жени кои не го консумирале.
Цимет
Овој едноставен зачин го разградува шеќерот. Со консумирање на ¼ до 2 лажички цимет може да се намали нивото на шеќер во крвта, како и на холестеролот за дури 10 до 20 проценти.
Затоа, внесувајте го овој зачин во било кој оброк. Ставајте го врз житарките, во кафето или чајот и ќе му помогнете на организмот да се реши од шеќерот.
Бадеми
Првата помисла на нив е дека се мрсни и дека дебелеат. Но, иако оревите, костените, кикириките, лешниците, ф`стаците се калорични, тие исто така се хранливи и ефикасни во борбата против холестеролот и триглицеридите, но и даваат многу енергија.Зоб
Зобот од сите јаглени хидрати најдобро ја одржува ситоста, затоа што се вари многу бавно. Содржи осум грама влакна или

Пронајдете не на следниве мрежи: