Овие работи никогаш не излегуваат од мода

Понекогаш можеби се прашувате дали грешите во врска со вашиот изглед. Дали сте премногу средени или пак можеби сте направиле тотална грешка, па поради тоа изгледате „демоде“. Некои работи се сепак безвременски и никогаш не излегуваат од мода.
Често се случува промена на модата кај облеката, но и модата кај шминката и фризурата постојано се менува. Сепак некои работи никогаш не изгледаат старомодни.
„Smoky eyes”
Можеби често не се секојдневна комбинација, ниту се соодветни за секоја прилика, сепак “Smoky eyes” никогаш не излегуваат од мода. Доколку се решите да ги нашминкате вашите очи на ваков начин, ќе добиете драматичен, привлечен поглед. Ќе изгледате мистериозно и секси без разлика за која комбинација на облека ќе се одлучите. Нема да погрешите.
Руменило
Секогаш е убаво да изгледате румено, како да сте токму сега вратени од надвор. Нанесете руменило така што ќе изгледате здраво и природно. Тоа на секоја жена добро ѝ стои и би било убаво да носите руменило, иако не сакате да се шминкате и можеби ви изгледа премногу.
Црвени усни
Некои сметаат дека црвениот кармин е малку нападен во секојдневните активности, но доколку сакате да оставите впечаток, задолжително нанесете го. Можете да користите нијанси кои одговараат на вашиот тен, од темно црвена до виолетови тонови. Остатокот од шминката може да биде неутрален и благ за да ставите акцент на усните.
Чиста и сјајна кожа
Од мода никогаш не излегуваат природниот изглед и чистата кожа. Ставете малку пудра и коректор за кожата да ви изгледа убава, чиста и негувана.Понекогаш можеби се прашувате дали грешите во врска со вашиот изглед. Дали сте премногу средени или пак можеби сте нап

Пронајдете не на следниве мрежи: