Еднаш постоеше професор во средно училиште кој на учениците им задал едноставна вежба, но која имала моќна порака. Целта на вежбата беше да ги научи учениците за тоа што се привилегии и што всушност значи општествена мобилност.Тој почнал, така што на секој ученик му дал лист хартија и рекол да направат топчиња од хартијата.
Потоа ја поместил кантата за отпадоци пред таблата.
Им рекол на учениците: „Играта е едноставна – вие ја претставувате популацијата на оваа земја. И секој во играта има шанса да стане богат и да биде дел од повисоката класа.“
За да станете дел од повисоката класа, сѐ што треба да направите е седејќи да ја уфрлите хартиената топка во кантата за отпадоци…
Учениците што седеле во задните клупи, веднаш се побуниле дека играта не е фер, бидејќи на оние кои што седат напред им е многу полесно да го уфрлат топчето во кантата.
Играта почнала и според очекувањата, оние од првите редови немале никаков проблем да победат во играта (но, не сите!), а оние од задните редови промашувале – но некои и погодиле…
Учителот ја завршил вежбата со зборовите: „Тие што беа поблиску до кантата, имале подобри шанси. Тоа се привилегии. Но, дали забележавте дека единствените кои што се пожалија се оние што беа во последните редови?“
Наспроти нив, оние што биле напред, биле помалку свесни за привилегиите и предностите кои ги стекнале. Сѐ што можеле да забележат е само оддалеченоста помеѓу нив и нивната цел…
„Вашата работа како ученици во процесот на едукација – е да бидете свесни за привилегиите што ги имате. Искористете ја привилегијата наречена `образование`, да дадете сѐ од себе за да остварите големи нешта и цело време да ги застапувате и оние кои што се наоѓаат во редовите зад вас.“
Тој почнал, така што на секој ученик му дал лист хартија и рекол да направат топчиња од хартијата.
Потоа ја помест



