Озборувајте, добро е за вашето здравје!

Одамна е познато дека озборувањето е доста застапен облик на комуникација помеѓу луѓето, посебно помеѓу жените.
Едно недамнешно истражување покажало дека оговарањето во умерени количини е здраво. Ако се прашувате на кој начин, дознајте во продолжение.
1. Озборувањето го намалува стресот и тешкотијата
Со други зборови, кога ќе слушнеме дека на некој друг му е полошо отколку на нас, едноставно одма се чувствуваме подобро. Но тоа не значи дека кога ќе слушнете дека некој од вашите пријатели добил отказ, ја раскинал љубовната врска и сл,, ќе скокате од среќа, туку дури тогаш сфаќате дека вашиот живот не е толку лош како што сте мислеле до сега.

2. Со озборувањето полесно проценуваме одредени ситуации
Ви звучи ли позната ситуацијата кога и се жалите на вашата пријателка за вашето сегашно момче, а посебно за вашето бившо момче? Всушност не ја барате вистината, туку барате потврда за вашето гледиште. А кога ќе добиете една или повеќе потврди, полесно е да процените што и како ќе направите понатаму.
3. Озборувањето не поврзува и создава чувство на припадност
Кога озборуваме, се слушаме едни со други, тврдат научниците. На тој начин се поврзуваме со другите луѓе и чувствуваме како негде заедно да припаѓаме. Исто така со „трачарењето“ собираме информации за луѓето и нивното однесување, а не само за тоа кој со кого е и како е, па полесно ни е да ги препознаеме лажливците и превртливите личности.
 Одамна е познато дека озборувањето е доста застапен облик на комуникација помеѓу луѓето, посебно помеѓу жените.

Пронајдете не на следниве мрежи: