Три жени биле повредени кога паднала голема карпа на платото пред горниот манастир Острога, објавија медиумите во Црна Гора.Директорот на никшичката болница Илија Ашанин ја потврдил информацијата дека трите жени биле примени вчера околу 18 часот со лесни повреди.
По укажаната лекарска помош тие биле пуштени дома.
Карпата, која се распаднала на три дела, паднала пред платото во период кога имало верници. Остатоците од карпата биле отстранети со багер.
Од црквата издале соопштение во кое се вели дека заедно со алпинистите, редовно се одржува просторот над манастирот, за да се спречат поголеми одрони.
mkd-news.comДиректорот на никшичката болница Илија Ашанин ја потврдил информацијата дека трите жени биле примени вчера околу 18 часот со лесни повреди.