Дали ова е продолжение на сите антимакедонски кампањи, на сите антимакедонски изјави дадени од СДСМ и продолжение на сценариото на Заев и неговите сдсмовци за двојазичност во Македонија?*До редакцијата на Пулс24.мк пристигна писмо од група револтирани кривопаланчани, кое без интервенција од страна на редакцијата ви го пренесуваме во продолжение
„На сите нас кривопаланчани ни е добро познато местото, каде сега партијата која се бори за „подобар живот“, отвора свој штаб и ќе се борат да дојдат до само сонуваната победа.
До пред некој месец организираа протести и ги обвинуваат локалните власти, зошто не го спречиле муслиманското (наметнато) население кое доаѓаше од сите градови од Македонија, да реализира верски дејствија во стогиот центар на градот, каде никој не сакаше да биде изградена џамија на ИВЗ и се претставуваа како бранители на христијанството, а сега дојде ред својот штаб да го отворат во истите простории?
Дали ова е продолжение на сите антимакедонски кампањи, на сите антимакедонски изјави дадени од СДСМ и продолжение на сценариото на Заев и неговите сдсмовци за двојазичност во Македонија?
`Изгледа правилата постојат за да бидат прекршени`, така е и во случајот на СДСМ, еднаш ќе плукаме, ќе обвинуваме, ќе бидеме против наметнување на исламот, против албанските интереси, а сега ќе купуваме поени токму во нивните редови и ќе ветуваме двојазичност. Зад сите овие работи стоеше во одбрана и Мухамед Зекири, сега веќе добро познат член од редовите на СДСМ.
Нема место каде може да сокриете сѐ што сторивте, секој ваш обид за исламизирање, двојазичност и префрлување на топката на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ви се врати на 11ти декември!
Епа НЕ, фала ви за таквата игра, од нас гласови не добивате, се спротивставивме и тогаш, а и сега не само Крива Паланка, туку сите во Македонија се свесни што сакате да постигнете, но тука е партијата која ќе ги штити интересите на државата и која нема да дозволи да се поигрувате со сѐ што е македонско!“ – стои во писмото пратено до редакцијата.*До редакцијата на Пулс24.мк пристигна писмо од група револтирани кривопаланчани, кое без интервенција од страна на редакцијата ви го прене