Паника помеѓу патниците на летот од Сплит: „Пилотот ни сооопшти дека ќе се урнеме за шест минути“

Во авионот на француската компанија „Europe Airpost“ избила невидена паника, откако пилотот им соопштил на патниците дека дошло до дефект на еден од моторите и дека наскоро ќе се урнат во водите на Јадранското Море.На чартер летот од Сплит кон Нант дојде до вистинска паника кај патниците, на кои пилотот со тажен глас им соопштил дека авионот ќе се урне за шест минути, пренесе „Дејли Мејл“.
Беџамин Гирард вели дека инцидентот се случил на 23-ти август и дека сите започнале да врескаат и да плачат од страв.
Поради настанатата драма, авионот морал принудно да слета во Венеција, а од компанијата тврдат дека состојбата не била толку лоша. Гирард, кој патувал со сопругата и двете ќерки, потврди дека веднаш по полетувањето започнале да се случуваат необични работи.
Пилотот најавил турбуленција, а набргу потоа патниците од задниот дел од леталото започнале да зборуваат дека еден мотор престанал да работи.
„Пилотот плачеше во наредното обраќање. Ни рече дека имаме шест минути до падот, но дека не треба да паничиме. Луѓето во задниот дел од авионот почнаа да врескаат“, тврди тој.
Но, приказната сепак има среќен крај, со оглед на тоа дека авионот подоцна успешно слетал на аеродромот Марко Поло, во Венеција.На чартер летот од Сплит кон Нант дојде до вистинска паника кај патниците, на кои пилотот со тажен глас им соопштил дека авионот ќе се урне за шест

Пронајдете не на следниве мрежи: