Папагал ограбувал туристи

Британски турист пријавил грабеж кој го извршил папагал.
 
Имено, станува збор за интелегентен папагал од посебна врста “Кеа Parrot” кои живеат на територијата на Нов Зеланд. Често пати се случува да уништат некој автомобил. Овие папагали се наречени уште и “ѓаволски“ папагали.
 
Питер Лич имал едно поинакво искуство со оваа врста на планиски папагали. Додека Британецот се занимавал со фотографирање на околината и нејзините природни убавини, накратко излегол од својата камп приколка во која претстојувал на својот одмор во Нов Зеланд. Во меѓувреме во приколката слетал папагал на кој му биле  давани насоки од лица во возило.
 
Притоа папагалот успеал да му ги одземе на Питер сите 600 фунти кои ги носел со себе. Тој всушност не ни приметил дека бил ограбен,  но папагалот за време на грабежот им го привлекол вниманието  на  другите туристи, па така и Питер воочил дека всушност бил ограбен од папагал.
 
На својот обид да го раскаже настанот во полициската станица во Нов Зеланд, полицајците не можеле да се воздржат од смеа. Шансите овој турист да си ги врати своите пари се минимални.
 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 
 Британски турист пријавил грабеж кој го извршил папагал.

Пронајдете не на следниве мрежи: