Патува по светот и оди на луксузни забави БЕЗ ДА ПОТРОШИ пари: Еве на кој начин ѝ успева тоа!

Натали Вуд од Кентербери (Англија) ги посетила сите континенти и престојувала во луксузни хотели, а за тоа не издвоила ниту една фунта.Сигурно се прашувате како успеала во тоа? Таа едноставно направила профил на сајт за запознавање, на кој луѓето плаќаат за да им правите друштво на патувања.
На тој начин Натали ги посетила Турција, Абу Даби, Дубаи, Малдивите, Австралија, Чешка, Кувајт и Мајами.
Покрај тоа што и` биле платени летот и сместувањето, таа често добива и бесплатни козметички третмани, како и многу подароци. Бидејќи луѓето со кои патува уживаат во луксузот, тука се и јахтите, раскошните вили и богатите забави.
-Јас ги обожувам патувањата и затоа одлучив на сајтот да најдам луѓе кои ја делат мојата страст. Во изминатите две години бев на околу 80 состаноци со луѓе од целиот свет. Јас сум искрена во тоа што го барам. Разгалена сум и го сакам луксузот, објаснува Натали.

Повеќето мажи со кои патува се малку постари од неа. Тоа се успешни бизнисмени кои се уморни од патувањата на кои се сами, а имаат доволно средства да ја поведат Натали со себе. Меѓутоа, таа не работи како ескорт дама.
-Јас го сакам луксузот, а овој начин на живот тоа ми го овозможува. Јас не го исклучувам сексот како опција, но важно е мажот да ми се допаѓа и да ми биде привлечен. Сексот за мене не претставува контра услуга, туку дел од уживањето. Притоа не патувам со било кој, туку одбирам, вели Натали.
Во јуни била во Кувајт, каде што со меѓународниот сметководител го истражувала неговиот крај.
-Негов пријател има јахта со скутер и ние цела недела се забавувавме во луксузни вили. Не потрошив ни фунта додека бевме таму, дури ми даваше пари за да си купам дизајнерска облека. Нашиот однос е чисто платонски, дури бевме во различни апартмани, вели Натали.Сигурно се прашувате како успеала во тоа? Таа едноставно направила профил на сајт за запознавање, на кој луѓето плаќаат за да им правите друштво на

Пронајдете не на следниве мрежи: