Анализата на површините во авионите за достапноста на бактерии, покажала дека сите тие се легло на микроби. Покрај тоа што очигледните простории, како на пример тоалетот, не можат да се наречат чисти, има и други места и предмети на листата.Научниците од Универзитетот во Обурн, заедно со консултанти на туристичкиот сајт Travelmath, решиле да ги пронајдат највалканите места во авионите. При истражувањето се барало присуството на ешерихија коли, стафилококи и други бактерии, а еден дел од истражувањето бил посветен на присуството на микроби на 6,5 квадратни сантиметри, објави Национална Географија на Русија.
Микробиолозите откриле вкупно 2155 микроби. Тоа не е чудно, бидејќи научниците објасниле дека микробите ја „сакаат“ пластиката која им овозможува идеални услови, а масите прицврстени на задниот дел од седиштата им нудат на микроорганизмите раскошна храна – патниците не само што разлеваат пијалоци и ронат храна, некои дури менуваат пелени на бебињата врз нив. Дури и тоалетите во авионите се покажале значително почисти. Понатаму, биле пронајдени 265 бактерии на различни површини во просек и само 70 на рачките.
Делумно тоа се објаснува одржувањето хигиена на патниците, а исто и со тоа дека луѓето најчесто ги мијат рацете кога допираат овие површини. Покрај тоа, многу од нив (особено рачките) се изработени од помалку порозни материјали од масичката, што го отежнува развојот на колониите бактерии. За регулаторите на довод на воздух над патничките седишта, било измерено ниво на 285 микроби, а за сигурносни појаси – 230. Дури и џебовите за списанија складираат „ѓубре“.
„Каде има ѓубре, таму се и микробите“, велат стручњаците и додаваат дека метицилин резистентниот златен стафилокок е способен да преживее во овие џебови до 168 дена.
Врз осветлувачите се задржуваат до 120 дена. Преполни со бактерии се и екраните и пултовете, како и ќебињата и перниците, рачките и површините за ставање багаж во авионот над седиштата на патниците. А самиот багаж воопшто е активен преносител на микроорганизми, бидејќи собира околу 80 милиони различни бактерии уште на пат кон аеродромот.
Заедно со тоа, научниците потсетуваат дека човекот е опкружен со присуство на микроби и ако одржува правилна лична хигиена, тогаш во многу случаи може да се заштити од нив.Научниците од Универзитетот во Обурн, заедно со консултанти на туристичкиот сајт Travelmath, решиле да ги пронајдат највалканите места во авионите.



